Втор циклус студии

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2015/16 година, пријавувањето на кандидатите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи во периодот од 14 септември до 9 октомври 2015 година.
 
НАПОМЕНА: Уписот на втор циклус студии мора најпрво да се изврши електронски, на системот за упис на нови студенти на УКИМ. 
 
Согласно Конкурсот, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2015/2016 година ќе запише вкупно 420 студенти на втор циклус студии. Заинтересираните кандидати ќе можат да одберат да се запишат на една од следните студиски програми:
 
Нови студиски програми од втор циклус на ФИНКИ од 2013 година (4+1)
Нови студиски програми од втор циклус на ФИНКИ од 2013 година (3+1+1)
 
Распределбата на слободните места по студиски програми, како и висината на вкупната школарина за секоја од студиските програми можете да ја погледнете во делот Квоти.
 
Документите кои заинтересираните кандидати ќе треба да ги приложат при пријавувањето за уписите на втор циклус студии на ФИНКИ, се дадени во делот Потребни документи.
 
Условите кои заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат за да се запишат на втор циклус студии на ФИНКИ, се дадени во делот Услови.