Често Поставувани Прашања

Додипломски студии - Уписи

Ме интересира колку влиае успехот на ученикот , дали може ученик со многу добар успех да врши упис на овој факултет, или само ученици со одличен успех?

Mitko Josifoski
Тоа зависи од интересот на студентите. Изборот на 3 приоритетни насоки се бара од Вас токму за да Ви се зголемат шансите за запишување на ФИНКИ.
Ако Вашата прво избрана насока има пополнета квота, тогаш веројатно е да бидете запишани на насоката, што сте ја избрале како втора или трета. Потоа ќе си го оформите профилот со избирање на изборни предмети по Ваша желба.

Во системот за електронски уписи имам направено грешка( наместо математика-основно сум селектирал математика-напредно ) .Дали постои можност тоа да го поправам ?

hristijan antov
Постои можност тоа да се поправи. За да може да го решите проблемот Ве молиме испратете тикет за проблем преку следниот формулар. Внимавајте да ги пополните информациите соодветно и точно. Ве молиме во полето за порака приложете што е можно повеќе информации за проблемот. Одговорните лица ќе ви дадат повратна информација за тоа дали проблемот е решен.

Кај моето дете постои двоумење околку изборот на факултет, па Ве молам за една информација. Ме интересира, според досегашното искуство во уписите на Вашиот факултет , дали ученик со вкупен број на освоени поени 91,38 може да влезе во државната квота на студии. Имено заинтересиран е за еден од сл. програми: Компјутерски науки и инженерство (КНИ) или Мрежни технологии (МТ). Ве молам за одговор, кој верувајте многу ќе ни помогне за конечно да се определиме

Elizabeta Mircevska
Можност за избор на повеќе насоки
При пријавувањето ќе можете да ги изберете сите 8 насоки, подредени по приоритет, на кои би сакале да студирате. Ако нема место во првоизбраната, ќе бидете рангирани во вториот избор, па во третиот и така натаму. Исто така имате можност да изберете и опција кофинансирање, па во тој случај ќе бидете рангирани и во квотата со кофинансирање на избраните насоки.
 
Како било минатата година
Ако се земат в предвид минатите години само насоките ИКИ и ИНФО од ФЕИТ, кои имаа заедно некаде само околу 240 места, на пример 100-то место било со некаде околу 93 поени, 200-то место со 83 поени додека 240-то место со 55 поени. На информатика на ПМФ пследно примениот кандидат имал 42 поени. 
 
Квоти за оваа година 
Оваа година на ФИНКИ има многу повеќе места во однос на квотите за информатика на ПМФ+ФЕИТ од лани. Финки располага со дури 830 слободни места, па ние се подготвуваме да ги примиме сите оние кои сакаат да студираат информатика!

Ja sam iz Srbije tacnije iz Vranja pa me interesuju koji su uslovi za upis ovog fakulteta?da li vaze isti uslovi kao i za drzavljane makedonije ili postoje drugi uslovi?

Marko Stoicov
Запишување на странски државјани
1. Странските државјани се запишуваат надвор од квотите утврдени во Конкурсот.
2. При пријавувањето, кандидатите наведуваат на кој факултет, односно студиска програма сакаат да студираат, дали се стипендисти на својата влада или самостојно ги поднесуваат трошоците на студирањето. Со пријавата поднесуваат нострифицирано свидетелство за завршено средно образование, заверен превод на изводот од матичната книга на родените и уверение за здравствената состојба (од Здравствената станица на Универзитетот). 
3. Кандидатите за запишување  задолжително посетуваат курс за изучување на македонскиот јазик, што го организира Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
4. Школарината за странските државјани во учебната 2011/12 година за ФИНКИ изнесува 1.500 евра
5. Странските државјани го задржуваат истиот статус до дипломирањето. 

Сакам да студирам на ФИНКИ - Професионални студии по информатички технологии (интернет и мобилни технологии) . Ме интересира колку студенти се примаат на оваа насока и дали имам можност да се запишам на оваа насока со вкупно 85.833 поени од државна матура со несоодветни предмети.

Нада Јаќимоска
Овде се примаат 20 во државна квота и 10 со кофинансирање и вие без разлика на избраните интерни и екстерни предмети може да конкурирате на ФИНКИ. Поените може да си ги пресметата тука.
 
Поради големите квоти од дури 830 студенти со сигурност очекуваме дека ќе ги примиме сите заинтересирани студенти.

Дали е потребен нов извод од матичната книга на родените или може и стар.

Toni Velkoski
Може и стар, треба само да е оригинален.

дали може да се запишам ако имам учено само 2години математика во средно воедно немам ни математика полагано на државна матура ???

мартин грозданоски
Секако дека можете да се запишете на ФИНКИ. Сите информации во врска со уписот можете да ги видите на веб страната, а вкупниот број на поени од матура може да си го пресметате со помош на нашиот калкулатор.

Me interesira dali moze da se prijavam so zavereni kopii na svidetelstva ?!

Гордан Салтиров
За да се пријавите морате да донесете оргинални сведителства и диплома.

Zdravo! Imam zavrseno gimnazija so 5.0 prosek vo 1998 god. , a potoa i diplomirav na Pedagoski fakultet. Sakam da se zapisam na eden od smerovite na dodiplomski studii. Me interesira koi se uslovite na rangiranje i potrebni dokumenti za vakov slucaj.

Marija Petkovska
Се што Ве интересира во врска со запишувањето на овој факултет и кои се условите можете да видите на веб страната на ФИНКИ во делот за уписи.

Дали ученици кои имаат завршено средно образование во гимназија НОВА и кои не полагаат државна матура треба да полагаат приемен испит и ако треба кога ?

Соња Мартиновска
Приемни испити нема. За дополнителни информации можете да видите на веб страната на ФИНКИ.

Pocituvani, ve molam da me informirate za procesot na apliciranje. Otkako ke ja popolnam elektornskata aplikacija koj e sledniot cekor? Koi pecateni dokumenti treba da gi dostavam do Vas, kade i do koga? Blagodaram odnapred

Meri Krstevska
Целиот процес на пријавување го имате на веб страната на ФИНКИ.

Ја сум веќе дипломиран студент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, и ме интересира повторно студирање на вашиот факултет, на 3 годишни студии, па би сакал да ве прашам дали и јас како веќе дипломиран студент од друг факултет би се рангирал на ист начин како другите студенти? Дали сумата за вонредно студирање би била иста како и приватната квота?

ФИНКИ
Согласно конкурсот ти можеш да конкурираш на нашиот факултет во 2 варијанти: со поените од завршено средно или со завршен факултет. Ако конкурираш со завршено средно, се рангираш како сите други кандидати. Ако конкурираш со завршен факултет, се рангираш вон квота, но во приватна квота (значи сигурно ќе бидеш примен, но во приватна квота).

Согласно конкурсот не постојат вонредни студенти на ФИНКИ, само редовни.

Bi sakal da ve prasam za procedura za upis vo FINKI. Jas sum student na PMF, imam polozeno prv semestar,no sakam da se prefrlam na ovoj fakultet. Dali treba da apliciram kako i srednoskolcite,ili ima nekoja posebna postapka za studenti na UKIM?

ФИНКИ
Најдобро е да си конкурирате со останатите матуранти, а потоа кога ќе се запишете, да побарате признавање на испитите кои сте ги положиле на ПМФ. Она што може да ви се признае, ќе ви се признае.

Алтернатива е да побарате префрланје на ФИНКИ, во периодот после 01.09., со признавање на положените испити.

Завршив Филолошка Гимназија во Србија со диплома за завршен матурски испит од српски и англиски јазик. Кои документи ми се потребни за студирање на ФИНКИ?

ФИНКИ
Потребно е да направите нострификација на дипломата во Министерството за образование на РМ, а потоа со нострифицираните документи да се јавите на конкурсот. Вие влегувате во категоријата студенти со завршено целокупно образование во странство.

Предметите на ФИНКИ дали се предаваат само на македонски јазик или има и настава на англиски?

abaz abazi
Здраво,
 
наставата на ФИНКИ се одржува на македонски јазик. Согласно академската 2013/2014 година воведена е настава на англиски јазик за студиската програма КНИ. Предавачи по предметите од оваа студиска програма ќе бидат истите професори како кај наставата на македонски јазик, со таа разлика што целата наставна содржина, како и предавањата ќе се одвиваат на англиски јазик.
 
Поздрав 

До кога е крајниот рок за пријавување на iKnow системот и кои се активности се превземаат за упис на ФИНКИ?

Младен
Почитувани,
 
крајниот рок за електронско пријавување за првиот уписен рок е на 15 август 2014 година до завршување на приемот на документи.

Дали пријавата за запишување која е напомената во делот "Потребни документи" е истата што ја генерира iKnow системот под назив univerzitetski_list.pdf или треба да се земе од факултетот?

Ивона
Почитувани,
 
пријавата за запишување е пријава која ја издава УКИМ како дел од листата потребни документи за упис. Истата можете да ја набавите во книжарницата „Студентски збор“, или во било која друга книжарница. Документот univerzitetski_list.pdf е приказ како треба да биде пополнета пројавата за упис. 

Од кога може да аплицираме на iKnow системот?

Дионис Динишев
Почитувани,
 
iKnow системот е веќе отворен за аплицирање. Ќе биде достапен до 15 август 2014 година, до завршување на терминот за поднесување документи за упис.

Додипломски студии

Почитуван ФИНКИ, Известување на огласната табла нема датум на објава како што тоа на пример ја имаат „Вести“ што се појавуваат на насловната страна на ФИНКИ. Би било мнооогу фер да се стават датуми на објава така да сите бидеме правовремено запознаени со објавите. Исто така SIC има опција да испрати известување за важните работи до сите студенти на нивната пошта. Нема ништо поважно од објава на роковите за пријавување испити, а исто и за оние што сакаат само оценка. Пријателски поздрав.

Давор Алексовски
Почитуван,
Ви благодариме за забелешката, препораката ќе ја испратиме до надлежните одговорни за веб страната.
 
Поздрав. 

Дали праксата е услов за запишување на зимски семестар/трета година? Ако не, до кога најдоцна треба да биде завршена?

Петар Николов
Според условите за студирање, за да може студентот да ја запише следната академска година потребно е претходно да има завршено пракса. За подетални информации контактирајте со студентската служба. 

dali praksata e uslov za zapisuvanje tret semestar ?

Никола Николовски
За студентите од прва година праксата не е задолжителна. При упис на трета и четврта година праксата е задолжителна.

Кои предмети ќе може да ги избираат студентите на ФИНКИ и под кои услови?

ФИНКИ
Според правилникот за ЕКТС, 60% од предметите од годината се задолжителни од соодветната студиска програма, 30% може да се изберат од предметите во рамките на истиот факултет и 10% од предметите може да се изберат од други факултети.

Дали после запишувањето на еден смер, може да се префрлам во друг смер?

Goran Avramovski
Да постои оваа можност. Ова е посебно овозможено за новите студиски програми кои имаат многу слична прва година.

me interesira dali na studiskata programa 3+1 komjuterski nauki i inzenerstvo taa +1 godina se naplaka isto kako prthodnite 3 ili e poskapa i dali posle taa godina ke imam 240 krediti

aleksandar gjorgievski
Четвртата година се студира под истите услови како и почетните 3 и цената на студирање си останува иста како и за првите три години. По завршувањето на четвртата година ќе имате 240 кредити.

Кои се осумте смерови на ФИНКИ?

Ученик Јане
Деталите за студиските програми може да ги видите тука.

Ако паднеш на колоквиум , дали после тоа имаш поправен или директно одиш на испит ?

бруцош
Поимот „паѓање на колоквиум“ е релативен и секој од предметните професори ја дефинира долната граница за положување на колоквиум, како и условите за положување на испитот преку колоквиуми.

Дали е задолжително да одиме на пракса, студентите со индекс 2010 ?

Ognen Bendevski
Сега за сега праксата е задолжителна за секоја година, а доколку има некои измени ќе бидете навремено известени.

Дали ке може да ме известите за една информација. Сакам да се презапишам од ИНФО – Професионални студии по информатика на Примена на е-технологии. Но од почеток, дали ке ми важат положените предмети конкретно за Структурирано програмирање во однос на Концепти за развој на софтвер и за Објектно ориентирано програмирање во однос на Напреден развој на софтвер.

Elena Trajcevska
Префрлување од еден во друг смер се прави со уписите, а за тие предмети, што ги имате положено, можете да разговарате со Продеканот за настава и да видите кои предмети ќе Ви бидат признаени.

Ме интересира дали можам да да се префрлам од Технички факултет Битола- Отесек Информатика,додипломски студии, на ФИНКИ отсек Компјутерски науки и инженерство, Која е процедурата , и дали би се признале положените предмети (Вовед во Програмирање 1 , Математика 1) од Технички факултет Битола Битола ?

Jovan
Можете да се префрлите кога ќе бидат уписите. Треба да дојдете и да разговарате со продеканот за настава за да Ви каже кои предмети ќе Ви бидат признаени.

Sin mi ima zavrseno informatika na Tehnickiot fakultet pri Bitolskiot univerzitet ,zvanje dipl.informaticar(180 krediti).Sakame da se zapise kaj Vas da prodolzi pa Ve molam da mi pisete dali mora plus 2 godini ili moze samo 1god,i se vo vrska so cenite. Pozdrav

Vesna Djajkova
Може да се запише на ФИНКИ, но претходоно ќе треба да се разговара со продеканот за настава за да се види кои предмети ќе му бидат признаени. Дополнителни информации можете да видите на веб страната на ФИНКИ.

Zdravo Dali e praksata uslov za da go zapiseme zimskiot semestar ili ne? Pozdrav

B.T
Праксата морате да ја извршувате секоја година, но сега нема да биде услов за да запишете зимски семестар. Можете да видите и на веб страната на ФИНКИ.

Здраво , дали новиот распоред на задолжителни и изборни предмети што беше објавен овој месец за Додипломски студии,ќе важи и за студентите кои запишуваат втор година , или само за оние кои ќе се запишат прва година во учебната 2013/2014 година ?

Kристијан Ласковски
Наставната содржина за студиските програми од додипломските студии важи само за студентите кои ќе се запишат во академската 2013/2014 година. За студентите запишани пред оваа академска година важат старите наставни програми. Линк до нив можете да најдете на овој линк.

Сега треба да запишам втора година. Дали може да побарам промена на насоката?

Milena
Можете да направите промена на студиската програма согласно Правилникот за промена на студиска програма.

Imam 9.0 prosek i sakam da se prefrlam od primena na e-tehnologii na KNI. Dali so toj prosek mozam da ostanam vo drzavna kvota ili treba da imam min 9.1 prosek za toa?

Denica Smilevska
Да, со Вашиот просек, можете да префрлите и да останете во државна квота.

Здраво, се префрлувам од КСИА-ФЕИТ на КНИ-ФИНКИ, и имам положено 3 испити: Математика 1, Структурирано програмирање и Англиски јазик(двосеместрален). Може ли да знам кои од предметиве ќе ми бидат признаени? Благодарам

Владимир Димковиќ
Потребно е да напишете молба за признавање на предметите, која потоа ја разгледува комисија и одлучува што ќе биде признаено.

во однос на стипендии за уписи за прва година согласно објавеното ,,Сите кандидати кои немаат потврда, а имаат награди .... истите да ги предадат при пријавувањето за упис на Факултетот. По разледувањето ... кандидатите ќе добијат одговор ... дали ќе добијат ослободување од плаќање партиципација и дали тоа ќе биде целосно или делумно. ,,Прашањето е кога ке се има повратна информација за ослободувањето бидејки услов за запишување е уплата на партиципацијата или ке има поврат на уплатата????

Климент Ѓорески
Донесете ги дипломите, па комисијата ќе одлучи на лице место, по што ќе знаете дали ќе бидете ослободени од партиципација.

Студирам на Финки, сега за 2 година , но ме интересира дали оваа година ќе има дисперзирани студии во тетово од нашиот факултет. Бидејќи има доста заинтересирани кои би сакале да има дисперзирани студии, дали ќе може да ми одговорите. Ви благодарам

Марјан Андоноски
Не, оваа година нема да има, бидејќи бројот на заинтересирани кандидати се уште не е доволно голем.

Дали можам да запишам трет семестар ако имам 3 предмети кои не ми се положени во прв семестар?

sara
Да, можете да запишете трет семестар, но ќе мора да ги презапишете неположените предмети од првиот семестар.

Sto e potrebno za prefrluvanje od edna vo druga studiska programa? Kako se pravi ekvivalencija? Koga treba da se zapocne postapka?

Деталите за процедурата за промена на студиска програма може да ги погледнете тука.

На огласната табла ќе биде објавено во кој период треба да се поднесе потребната документација.

Имам прашање за насоката КНИ-Англиски. Студент сум на ФИНКИ од 2012-та година на насоката КНИ со 2 положени предмети. Дали ќе можам да се префрлам на насоката КНИ-Англиски со тоа што ке ги презапишам само неположените предмети, и дали 2та положени ќе ми се признаат и во која квота би бил ако претходно сум бил во државна? Благодарам однапред.

Александар Ангеловски
Потребно е да доставите молба за промена на студиска програма, а потоа комисија ќе одлучи дали и кои предмети ќе Ви бидат признаени.

Со промената на студиска програма, се преминува во приватна квота, освен ако просекот на студентот не е над 9.

Sakam da se prefrlam od 4g studii na 3g.Gi imam polozeno site predmeti od 4g osven Kompjuterska Grafika.Sto dokumenti mi trebaat i kako odi postapkata?

Petar Petrov
Деталите за промена на студиска програма се објавени тука.

Кога ќе биде познат распоред за КНИ? Ова прашање ми е важно бидејќи треба да ги усогласам моите работни обврски со предавањата. Благодарам однапред на одговорот и срдечно Ве поздравувам.

Filip Petkovski
Распоредот ќе биде објавен на огласната табла, пред почетокот на наставата.

Почитувани, сакам да Ве прашам дали Вашиот факултет има насока за Педагошко, психолошка и методска подготовка? Доколку има колку пари чини? ПОЗДРАВ

Дејан Сотировски
Студиските програми, што постојат на ФИНКИ се објавени тука.

Како да ги пријавам испитите откако е поминат рокот за пријавување?

me
Треба да се обратите до студентска служба со пријава, административна такса од 50 МКД и уплатница од 400 МКД на сметката на ФИНКИ за задоцнето пријавување на секој испит
.

Како може да се пријават испитите ако си го испуштил рокот за електронско пријавување?

Љупче Ѓорѓиев
Треба да се обратите до студентска служба со пријава, административна такса од 50 МКД и уплатница од 400 МКД на сметката на ФИНКИ за задоцнето пријавување на секој испит.
.

Здраво, сакам да ве прашам дали ке можам да ја презапишам цела прва година повторно, бидејки од некој лични проблеми неможев да го завршам вториот семестар и неможам да земам потпис за полагање и за запишување на трет семестар, и дали можам некако да влезам во државна квота. Ви благодарам однапред.

ФИНКИ
Според ЕКТС, не постои поимот презапишување година, туку запишување и презапишување предмети. Тоа значи дека сега во септември, Вие треба да ги запишете сите предмети кои не сте ги положиле од минатиот зимски семестар. А можете да запишете предмети од следниот семестар за кои исполнувате услови.

Која насока е најсоодветна да ја одберам за формирање на профилот: Софтверски инженер?

ФИНКИ
Насоката Комјутерски науки и инженерство.

Здраво, имам прашање во врска со предметот Веројатност и статистика во Рамката за додипломски студии во 3.Семестар (Мрежни Технологии) предметот е ставен како Задолжителен но во Програмата на предметот внатре пишува дека е изборен предмет за насоката МТ. Ве молам ако може објаснување каде е грешката. Ви Благодарам!!

ФИНКИ
Грешката е во документот со содржината, а табелите се точни. Предметот е задолжителен за МТ во трет семестар.

Додипломски студии - Сесии

Како ќе се полагаат предметите.. преку колоквиуми како до сега на ФЕИТ или како на Факултетот за Информатика во Охрид, директно на испит??

Александар Михајловски
Како до сега, на колоквиуми.

Дали овој семестар ќе има казнена сесија и на кој датум? Ве молиме да не известите навремено за да имаме време да ги спремаме испитите.

Илчо Ристески
За сега немаме информации за казнената сесија. Истата се планира откако ќе се направи распоред за редовната испитна сесија. Ќе бидете известени веднаш штом се донесе одлука по ова прашање.

Koga ke zapocni rokot za zaveruvanje na letniot semestara 2012/2013 god? pozdrav

Kristijan Laskovski
Рокот за заверување на летниот семестар од учебната 2012/2013 година ќе се врши заедно со уписот на зимскиот семестар за следната академска година.

Магистерски студии - Уписи

I am an undergraduate student (last semester) from Bangladesh. I am from Compter Science and Engineering department. I haope I will be graduated by the December 2013. I want to pursue my MSc in information technology from here. Is it possible? Is there any possibility for any scholarship? Regards, Ripon

Ripon
The bid of enrollment of students is not approved for the next academic year. When the bid of enrollment is approved by the University we will know if the Faculty will have courses taught in English.

Дали за упис на Магистерски студии има некој услов дека мора да поседувам минимум просек од Додипломските студии ?

Mitko
Не, нема дополнителни услови од таков тип. Детални ифнормации за потребните услови за магистерските студии може да најдете тука.

Да поправите! Во делот - Уписи » Магистерски студии » Потребни документи стои: диплома за завршен прв циклус студии, а на студенски прашања барат уверение со отцени.

Кире Коцев
Вообичаено двата документи одат заедно. Но, забелешката е во ред, тоа се два различни документи, и е проследена до комисијата за уписи. Ви благодариме.

Сакам да прашам за магистерските студии насока компјутерски мрежи и е -технологии , дали примате кандидати со завршен економски факултет насока е -бизнис ( дали имам право да аплицирам ) ?

irena paneva
Секако дека имате право да аплицирате, меѓутоа претходно ќе треба да разговарате со Продеканот за настава, проф. Анастас Мишев за подетално да Ви ги објасни условите.

Каква е таа потврда за знаење странски јазик и од кај/кого да ја набавам? Немам учено странски јазик вон училиште/факултет. 2 или 4 години во основно, 4 години во средно и 1 година на факултет учев Англиски и го знам скоро перфектно.

Живко Василевски
Доволно е во Вашето уверение за дипломиран да имате предмет странски јазик.

Дали за магистерски студии 2013/2014 ќе ја има и студиската програма ИКТ во наставата?

Анета
Не, ова ќе биде реализирано следната година бидејки истата е во процедура на акредитација.

Заинтересирана сум за магистерски студии. Ве молам за инфомрација кога се уписите за магистерски студии?

Magde
Во тек се уписи на додипломски студии. Факултетот ќе објави соопштение кога ќе биде објавен Конкурсот за упис на студенти на втор циклус на студии на УКИМ.

Koga ke bide objaven konkursot za magisterski studii za 2013/2014 godina i dali moze da konkuriram bidejki imam zavrseno KTIA na ETF i nemam visok prosek. Blagodaram.

Slavica
Ќе биде објавено на веб страната и социјалните мрежи, во почетокот на месец септември или почетокот на октомври.

Да, можете да се запишете на ФИНКИ.

Дали има слободни места за запишување на втор уписен рок на смеровите КНИ и мрежни технологии за во државна квота?

Марија
Ќе биде објавено на огласната табла, пред вториот уписен рок.

I am very interested to continue Masters Degree of Computer Sciences, on "Ss Cyril and Methodious" in Skopje. I am awarded Bsc. of Computer Science in University of Prishtina (3-years program). I want to ask you if you'll know my diploma issued by the Education Ministry of Kosovo. What are the procedures for application in" Ss Cyril and Methodious" and what is the price for complete Master of 2 years. If there still available time for application.

ФИНКИ
Thank you for your interest in our master studies.
In order to apply for master studies at our Faculty/University, first you have to apply for validation of your university diploma at the Ministry of Education. You can find more information about this here.

Unfortunately, the information is only in Macedonian (English and Albanian versions are in progress).

Once you have your diploma validated, you can apply for masters. The application should be sometimes in September or October, once the call is published at the University web site, on this location.

The price for 2 year masters study last year was 2500 EUR, I expect it to be the same this year.

Магистерски студии

Дали ќе има студии од втор циклус (магистерски) на ФИНКИ?

ФИНКИ
Да, ќе има студии од втор циклус. Ќе бидат превземени петте тековни насоки од Институтот на компјутерска техника и информатика од ФЕИТ и четирите од Институтот за информатика при ПМФ.
Студиите од втор циклус од Институтот за компјутерска техника и информатика на ФЕИТ ќе бидат ставени во мирување.

Дали ќе се обезбеди насока од вториот циклус на студии на која ќе може да се запишат студентите кои завршиле на студиската програма ИНФО на ФЕИТ (3 години)?

ФИНКИ
Да, ќе има, но во моментот се во фаза на акредитација.

Imam zavrseno 3-godisni dodiplomski studii na drug fakultet po informatika. Sakam da se zapisam na dvogodisnite magisterski studii. Vo zadolzitelnite predmeti od prv i vtor semestar se spomnuvaat predmeti koi gi imam polagano na dodiplomskite studii. Dali toa znaci deka ke treba da gi prepolagam ili ke treba da izberam dovolno izborni predmeti za da dojdam do potrebnite 240 krediti za da prodolzam vo tretiot semestar?

Igor Dimitrovski
Ќе биде потребно да ги полагате предметите во согласност со студиската програма. Без разлика што имињата се исти или слични темите кои се изучуваат се од напредно ниво.

Ме интересира дали има магистерски студии за Интернет и мобилни технологии или е само со 3 години ? Ве молам за одговор,Фала однапред.

Зоран Ѓорчев
Магистерски студии со ваков наслов нема. Но, во зависност од вашите желби, може да изберете некоја друга студиска програма и потоа да си изберете предмети и магистерска работа на оваа тема. На тој начин ќе можете да магистрирате во оваа област.

Завршив 3 - годишни додипломски студии - информатика во Битола, ме интерессира дали би можела да студирам на магистерски студии на ФИНКИ, 3+2, кои се условите, кои документи се потребни за упис??? однапред благодарам

Ivana Cincovska
Можете да студирате. Потребните документи и постапката за конкурирање ќе биде објавена некаде на почетокот на Септември, односно по завршувањето на уписите за додипломските студии.

Koga ke se pocne so nastava na magisterskite studii?

Diana Naumovska
Ке бидете известени на медиумите за комуникација.

Дали има можност за студенти кои студираат Е-бизнис како додипломски студии на Економски Факултет во Скопје да запишат постдипломски студии на ФИНКИ и ако има, кои насоки може да ги изберат?

Филип
Да, може. Имало многу такви случаи на студиските програми. Студиските програми може да ги погледнете тука.

Zdravo, planiram da se zapisam na postdiplomski Bioinformatika(3+2+), ako moze podetalno da gi navedete predmetite koi ke izucuvaat bidejki vidov ima upisi samo za 4+1 modulot

Darko Stojanovski
Студиските програми за постдипломски студии можете да ги видите на веб страната на ФИНКИ. 

Докторски студии - Уписи

Здраво, дали за скоро ќе има конкурс за трет циклус студии на ФИНКИ?

Студент
Конкурс за докторски студии објавува Универзитетот на својот веб сајт, во делот Студенти. Информации за студиските програми по кои ќе се изведуваат студиите по информатика и компјутерска техника ќе бидат наскоро објавени на сајтот на ФИНКИ, во делот докторски студии. Во моментот на располагање опцијата за пријава на докторат по стариот закон, која важи до 31.12.2011, за оние кои имаат завршено магистерски студии пред ЕКТС или ЕКТС студии од втор циклус со барем 90 кредити. Правилникот за пријвување е објавен на тука.

Докторски студии

Дипломирав на ПМФ насока применета информатика. Магистрирав на Технички факултет Битола насока Информатика и Компјутерска Технологија (програмата е согласна со стариот закон). Сакам да се запишам на 3 циклус на студии на ФИНКИ. Кога се уписите и каде можам да најдам поконкретни информации (цена, времетраење и сл.)

Билјана Јанакиевска
Доколку сте магистрирале по стара програма, информации за трет циклус на студии може да добиете тука.

Доколку се има магистрирано на 03.04.2008 со акредитација по СЛ. Весник 49/2000 (4+1,5) на Штуловиот универзитет дали може да се запише Трет циклус по стара програма и каде поточно да се информирам?

Небојша Трпковски
Да, може.

Студентски живот

Кој студентски дом е најблиску до просториите во кои ќе се држат предавањата?

Јован Михајловски
Близу се  студентските домови „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифоски - Питу“. Нешто подалеку се „Пелагонија“ и „Стив Наумов“.

Dali ke napravite pristojni toaleti? Mislam deka dolikuva da imame i soodvetna higiena :) Ete eden predlog :) Pozdrav

Nikola MIjanovik
Обезбедување на нормални услови за студирање е еден од нашите најголеми приоритети.

Od kolku chasot zapocnuvaat predavanjata vo FINKI vo ponedelnik?

Goran
Тоа треба да го видите во распоредот на часови. 

Електронски сервиси

Ako moze da mi kazite dali moram licno da dojdam na 22 da vidam rezultati ili mozi preku internet ????

Номче Бежаноски
Се разбира дека може на Интернет. Со оглед на нашата пасија за технологии, најверојатно резултатите најпрво ќе бидат објавени на Интернет, а дури потоа испечатени.

Koga kje bide pushtena aplikacijata za upisi?

Ivica Arsov
Порталот iKnow функционира за 3-тиот уписен рок. 

Неможам да се логирам на Moodle. Пред да се случи тоа, при логирање ми пишуваше дека треба да ја променам лозинката, при што пробував, но пишуваше дека истата не е точно внесена. Што треба да направам за повторно да го активирам account-от?

Marija
Обратете се на help линкот на веб страната со електронски сервиси. Ќе ви биде решен проблемот или ќе добиете соодветно упатство.

Сакам да прашам кога стартува електронското аплицирање на Финки и дали потребните документи ќе треба да се достават до вас само за уписот или треба претходно да ви бидат доставени ?

Бојана
Информации за електронското аплицирање на ФИНКИ ќе бидат навремено објавени на сајтот, потоа на денот на уписите се доставуваат документите заедно со бројот од електронската апликација.

koja e sifrata I Dali voopsto ima nekoja WiFi Mreza za internet koja moze da ja koristime , nie studentite?

nikola Blazhevski
Факултетот го имплементираше едуроам системот за поврзување на интернет. Повеќе детали можете да добиете на овој линк: http://www.students.finki.ukim.mk/eduroam.aspx

Пријавувањето на iknow системот нема копче за регистрација дали ке биде пуштено деновиве за да може да се регистрираме за втор уписен термин

чедо најдески
Можеби станува збор за привремен проблем. Проверете дали правилно ја следите постапката за пополнување на формите. Ако проблемот и понатаму постои, може да се запишете на лице место.

Финансии

Почитувани, Во конкурсот за запишување студенти стои дека деца без родители се ослободени од плаќање на партиципација за школување. Дали ова се однесува на тие кои ќе бидат примени во државната квота на студии? Исто така ме интересира дали Изводите од матичната книга на умрени треба да ги приложиме при самото пријавување на 16.08 или тие дополнително се доставуваат? Дали покрај изводот на умрени треба да се приложат и некои др. документи и кои? Ви благодарам

Marijana Trpcevska
Да, се однесува на државната квота. Документите ќе ги доставите при запишувањето, а не при пријавувањето.

Ме интересира дали при уписот во државна квота важи попустот за деца на родители кои имаат уверение за бранител? Однапред Ви благодарам.

Александар Станчев
Во конкурсот(страна 8 точка 3 подточка 9) стои вака:
 
Припадниците на безбедносните сили и други категории на лицаутврдени со Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и членовите на нивните семејства, како и лицата утврдени со одредбата од чл. 23 од истиот Закон (Сл. весник на РМ бр. 2/02, 17/03, 30/04 и 66/07), во учебната 2010/11, ќе се запишуваат надвор од државната квота без плаќање партиципација,односно кофинансирање, под услови за запишување утврдени во овој Кон­курс, а нивниот број може да изнесува најмногу до 10% од вкупниот број студенти на соодветната студиска програма.

Правото од претходниот став кандидатите го остваруваат при прија­вувањето, со документ од Министерството за одбрана или од Минис­терството за внатрешни работи. Дополнително доставување документ за кандидатите кои се запишуваат во прва година не се зема предвид. Конкурсот може да го погледнете 
тука.

Вкупниот износ за школарината на Двогодишните магистерски студии (3+2) пишува дека е 2500 евра, би сакала да знам дали таа цена се однесува вкупно за двете години или се плаќа по 2500 евра за секоја година посебно односно 5000 евра за двете години? Однапред Ви благодарам.

Росица Дукова
Не, тоа е вкупна цена.

Би сакала да Ве прашам дали плаќањето на партиципацијата за постдипломски студии може да биде на рати и ако да, на колку? Ви благодарам однапред!

Ана Ристеска
Да, во договор со Продеканот за настава на ФИНКИ.

На државниот натпревар по програмирање 16 души добивме стипендии за ФИНКИ.И сега сакам да знам,кога ќе се запишувам на ФИНКИ и доколку немам добри оцени, дали co тоа што имам стипендија сум автоматски примен во државна квота?И ако не успеам да го одржам просекот во прва година 9 дали во втора година ќе плаќам колку што изнесува државната квота(200 евра)или ќе плаќам 400 евра?Значи да ги соединам овие повеќе прашања во едно,дали оцените од средо училиште ќе имаат влијание при запишувањето.

Мето Трајковски
По закон во државна квота влегуваат оние кои имаат освоено прво место на државни натпревари, меѓутоа најдобро би било да дојдете тука на ФИНКИ и да разговарате со нашиот продекан за настава за да Ви ги објасни сите услови.

Sakam da znam koja e transakcionata smetka na FINKI ? Sakam da znam koja e za da mozam da uplatam vo banka. Blagodaram

Ljupco Nikolovski
Трансакционата сметка на ФИНКИ можете да ја видите тука.

Како се бодуваат дипломите од натпревари, колку бодови носи прва награда, колку втора и трета? Дали можам да добијам стипендија за студирање доколку конкурирам со 3 та награда од меѓународен натпревар по математика?

Боривоје Тасиќ
За сето ова можете да се информирате на веб страната на ФИНКИ во делот за уписи.

Ме интересира кои се критериумите за добивање на стипендија и која е постапката за пријава

Николовски Никола
Критериумите за добивање на стипендија се освојување на награди по математика и информатика на државно ниво.

Sakam da prasam vo vrska so stipendiite sto gi dodeluva FINKI. Dali fakultetot dodeluva stipendii za studentite koi vo tekot na srednoto obrazovanie imaat dobieno diploma na drzaven natprevar po fizika?

Izabela Hristova
Стипендии се доделуваат, но тоа се разгледува дополнително од страна на деканатот на ФИНКИ.

Me interesira nacinot na plakanje za cenata od 2500 evra za magisterski studii od 2 godini dali se plaka vo pceto cela suma ili po semstar.Blagodaram odnapred.

Vasilka Panovska
Сумата од 2500 евра се плаќа по семестар. Во врска со плаќањето можете да видите и на веб страната на ФИНКИ во договорот за студирање.

Во договорот за студирање за студенти кои се влезени во државна квота, во член 2 стои дека студентот се обврзува да плаќа партиципација од 200 евра годишно. Дали студентите кои имаат добиено стипендија се должни да го потпишат овој договор, или за нив постои друга верзија на договорот?

Јован Крајевски
И студентите кои имаат стипендија се должни да го потпишат договорот.

Дали сите кандидати кои имаат достсавено дипломи од награди на државни и меѓународни натпревари се ослободуваат од плаќање партиципација и дали треба тие да уплатат за првиот семестар ?

П С
Не, за тоа одлучува комисија, по претходно разгледување на доставените дипломи.

Dali FINKI ke dodeluva stipendii?

Filip Petkovski
ФИНКИ доделува стипендии на десетте прво-рангирани студенти со државна матура.

Дали може некој да ми каже кога се плаќа школарина, дали на 29 август кога е запишување?Дали се плаќа во цел износ или може на рати?

Кристина
Првата рата се плаќа целосно, а понатаму можете да доставите молба за плаќање на рати.

Дали натпреварот MASSUM во кој учествуваат сите средни стручни училишта во МК се смета за државен и дали може да се земе во предвид освоено прво место во категорија Веб дизајн за доделување на стипендија?

ФИНКИ
Не. Во предвид доаѓаат само државните натпревари или олимпијади по информатика, математика и физика.

Јас сум студент на Факултет за Информатика на Универзитет Гоце Делчев и тековно ја завршувам последната (4та) година од додипломските студии. Планирам да се запишам на втор циклус студии на ФИНКИ и ме интересира дали доделувате стипендии за магистерски студии?

ФИНКИ
ФИНКИ доделува стипендии за 5% од студентите, согласно законот за високо образование. Тука може да го видите огласот за ланските стипендии.

Оваа година сигурно ќе има сличен оглас.