Софтверско инженерство ТЕМПУС (4+1)

1. Општи информации
 
Студиите од втор циклус по софтверско инженерство имаат за цел да обезбедат квалитетно и врвно европско образование и обучување на софтверски инженери кои ќе можат да ја понесат техничката и економската одговорност на проектирање, развој, користење и одржување на комплексни софтверски системи. По завршувањето на студиите овие инженери ќе можат да заземат одговорни позиции во процесите на планирање, дизајн, развој и водење на софтверски проекти вклучувајќи ги и нивните бизнис аспекти.
  • Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
  • Назив на студиска програма: Академски студии од втор циклус по Софтверско инженерство
  • Научно - истражувачко подрачје: природно - математичко
  • Поле: информатика
  • Област: софтверско инженерство
  • Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити
  • Траење на студиите: 2 семестри
  • Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели)
  • Првиот семестар се состои од наставни предмети, додека вториот е резервиран исклучиво за завршниот проект, т.е. за магистерската тема.
  • Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на информатика или компјутерски насоки кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
  • Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
  • Прв семестар: најмалку 2 изборни од првата и најмалку 3 изборни од втората група предмети, вкупно 5 предмети односно 30 ЕКТС.
  • Втор семестар: завршен проект (30 ЕКТС).
  • 1 ЕКТС кредит соодветствува на 25 часови вкупен работен ангажман.
  • Бројот на контактните часови е 4.

Стекната титула: Магистер по информатички науки од областа на софтверското инженерство
 
2. Студии
Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.