Потребни документи
Во согласност со
Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2015/16 година, при пријавувањето за запишување на ФИНКИ, кандидатите треба да ги поднесат следните документи:
- пријавен лист за запишување
- диплома за завршен прв циклус студии
- куса биографија (CV)
- потврда за знаење странски јазик
- препораки од наставни или научни работници (доколку има такви)
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат)
- документи за евентуални награди, признанија и други документи