Компјутерски науки (3+1+1)
1. Општи информации
Постдипломските студии по компјутерски науки се стремат кон врвно европско образование и обучување кадри, кои по завршувањето на студиите ќе можат да ги задоволат потребите на како на комерцијалните комании од информатичката индустрија, така и врвните научно – истражувачки институции во земјава и во странство.
- Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
- Назив на студиската програма: академски студии од втор циклус по Компјутерски науки
- Научно - истражувачко подрачје: природно -математичко
- Поле: информатика
- Област: Информациони системи и програмирање, Сметачки интегрирани методи и апликации, Алгоритми, Оптимизација, Симулација, Развивање на софтвер и бази на податоци.
- Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити.
- Траење на студиите: 2 семестри.
- Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
- Првиот семестар се состои од наставни предмети, додека вториот се состои од наставни предмети и од завршниот проект, т.е. магистерската тема.
- Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на информатика или компјутерски насоки кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
- Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
- Прв семестар: 3 задолжителни предмети и 1 изборен, кој може да биде од
- Универзитетска листа.
- Втор семестар: 3 изборни предмети, од кои еден може да биде од универзитетска листа (само доколку во првиот семестар предметот е избран на ниво на Факултет) и завршен проект од 18 ЕКТС.
- 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман.
- Бројот на контактните часови е 4.
Стекната титула: Магистер по информатички науки и компјутерско инженерство од областа на компјутерски науки
2. Воведувачки слој
Воведувачкиот слој им е наменет на студентите кои студии кои траат помалку од четири години или стекнале помалку од 240 кредити од претходните студии. Студентите кои имаат положено некој од задолжителните предмети од воведувачкиот слој (табела 1) или имаат положено предмети на други академски институции за кои ќе се установи дека се доволно слични со задолжителните воведувачки предмети, можат да бираат од изборните предмети дадени во табела 2. Доколку студентот ги има положено задолжителните и изборните предмети од воведувачкиот слој или има положено предмети на други академски институции за кои ќе се установи дека се доволно слични, а сеуште нема исполнето квота од 240 кредити, тогаш му се дозволува избор од листата на акредитираните предмети кои се нудат на ФИНКИ, а кои ги нема полагано во текот на неговото/нејзиното студирање.
- Воведувачки слој
Табела 1: Листа на предметите на воведувачкиот слој
|
Предмет
|
Семестар
|
ЕКТС
|
Предуслов
|
1 |
Веројатности и статистика
|
VII
|
6
|
Калкулус 2 (Математика 2) |
2 |
Калкулус 3 |
VII
|
6
|
Калкулус 2 |
3 |
Бази на податоци 2
|
VII
|
6
|
Бази на податоци
|
4 |
Изборен предмет 1 |
VII |
6 |
|
5 |
Изборен предмет 2 |
VII |
6 |
|
6 |
Дискретни структури 3
|
VIII
|
6
|
Дискретни структури 1
|
7 |
Информациски системи
|
VIII
|
6
|
Софтверско инженерство, Бази на податоци
|
8 |
Алгоритми |
VIII |
6 |
Објектно и визуелно програмирање |
9 |
Изборен предмет 3
|
VIII |
6 |
|
10 |
Избор од универзитетската листа слободни предмети |
VIII |
6 |
|
Табела 2: Листа на изборните предмети за воведувачкиот слој
|
Предмет
|
Семестар
|
ЕКТС
|
Предуслов
|
1 |
Моделирање и симулација со визуелизација
|
VII
|
6
|
Објектно и визуелно програмирање, Веројатност и статистика или Статистика |
2 |
Формални јазици и автомати |
VII
|
6
|
Дискретни структури 2 |
3 |
Операциони истражувања
|
VIII
|
6
|
Веројатност и статистика или Статистика
|
4 |
Анализа и логички дизајн на ИС
|
VIII
|
6
|
Информациони системи
|
5 |
Компајлери
|
VIII
|
6
|
Дискретни структури 3, Микропроцесори и микроконтролери
|
6 |
Дискретни структури 2 |
VIII |
6 |
Дискретни структури 1 |
7 |
Софтверско инженерство |
VIII |
6 |
Објектно и визуелно програмирање |
2.2 Студии
Предметите од постдипломските студии за студиската програма Компјутерски науки можете да ги најдете на
овој линк.