Софтверско инженерство ТЕМПУС (3+1+1)

1. Општи информации
 
Постдипломските студии по софтверско инженерство се стремат кон врвно европско образование и обучување на софтверските инженери, кои по завршувањето на студиите ќе можат да испорачуваат софтверски системи кои се висококвалитетни и доверливи и кои ги задоволуваат потребите на локалната индустрија.
  • Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
  • Назив на студиска програма: Академски студии од втор циклус по Софтверско инженерство
  • Научно - истражувачко подрачје: природно - математичко
  • Поле: информатика
  • Област: софтверско инженерство
  • Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити
  • Траење на студиите: 2 семестри
  • Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели)
  • Првиот семестар се состои од наставни предмети, додека вториот е резервиран исклучиво за завршниот проект, т.е. за магистерската тема.
  • Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на информатика или компјутерски насоки кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
  • Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
  • Прв семестар: најмалку 2 изборни од првата и најмалку 3 изборни од втората група предмети, вкупно 5 предмети односно 30 ЕКТС.
  • Втор семестар: завршен проект (30 ЕКТС).
  • 1 ЕКТС кредит соодветствува на 25 часови вкупен работен ангажман.
  • Бројот на контактните часови е 4.
Стекната титула: Магистер по информатички науки од областа на софтверското инженерство
 
2. Воведувачки слој
Воведувачкиот слој им е наменет на студентите кои студии кои траат помалку од четири години или стекнале помалку од 240 кредити од претходните студии.
 
- Воведувачки слој  
 
Табела 1: Воведувачки семестар 1 - задолжителни и изборни предмети од кои треба да се изберат 5 предмети
 

Предмет

Семестар

ЕКТС

Предуслов

 1

Веројатности и статистика

VII

6 Калкулус 2
 2 Интернет технологии VII
6 Бази на податоци
 3 Микропроцесори и микроконтролери VII
Калкулус 2
 4 Формални јазици и автомати VII
 6 Дискретни структури 2 
 5

Анализа на софтверските потреби

VII

6

Софтверско инженерство

 6

Интеракција човек - компјутер

VII

6

Софтверско инженерство

 7 Конструкција на софтвер VII 6 Софтверско инженерство
 8 Менаџмент во ИКТ VII 6 Софтверско инженерство
 9 Професионална етика VII 6 Софтверско инженерство
 
Табела 2: Воведувачки семестар 2 - задолжителни и изборни предмети од кои треба да се изберат 5 предмети

 

Предмет

Семестар

ЕКТС

Предуслов

 1

Информациски системи

VIII

6 Бази на податоци
 2 Калкулус 3 VIII
6 Дискретни структури 2
 3

Алгоритми

VIII

6

Објектно и визуелно програмирање

 4

Дизајн и архитектура на софтвер

VIII

6

Анализа на софтверските потреби

 5 Квалитет на софтвер и тестирање VIII 6 Конструкција на софтвер 
 6 Компајлери VIII 6 Микропроцесори и микроконтролери
 7 Управување со софтверските проекти
VIII 6 Софтверско инженерство
 
2.1 Студии
Предметите од постдипломските студии за студиската програма Софтверско инженерство можете да ги најдете на овој линк.