Инженерство на интелигентни системи (4+1)
1. Општи информации
Науката за градење на вештачки интелигентни системи зазема централно место во инженерските науки. Има два главни правци во развивањето на вештачките интелигентни системи: насока која започнува од машини и води кон интелигенција - роботички приод, и насока која започнува од биолошки системи и води кон градење вештачки суштества - биоинформатика и биолошко инженерство. Овој модул има за цел да ги опфати и двата приода на можност за конструкција на интелиггентните системи.
- Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
- Назив на студиска програма: Академски студии од втор циклус по Инженерство на Интелигентни системи / модул Биоинформатика или модул Роботика
- Научно - истражувачко подрачје: природно - математичко
- Поле: информатика
- Област: интелигентни системи
- Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити
- Траење на студиите: 2 семестри
- Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели)
- Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на информатика или компјутерски насоки кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
- Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
- Прв семестар: 3 задолжителни предмети и 2 изборни, од кои еден може да биде од Универзитетска листа.
- Втор семестар: 1 задолжителен и 1 изборен, кој може да биде од Универзитетската листа (само доколку во првиот семестар предметите се избрани на ниво на Факултет) и завршен проект од 18 ЕКТС.
- 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман.
- Бројот на контактните часови е 4.
Стекната титула: Магистер по инженерство на интелигентни системи – модул Биоинформатика, или Магистер по инженерство на интелигентни системи – модул Роботика
2. Студии
Табела 1: Листа на предметите на постдипломски студии за модул Биоинформатика
Табела 2: Листа на предметите на постдипломски студии за модул Роботика
2.1 Изборни предмети
Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на
овој линк.