ИНФО – Професионални студии по информатика

* студиската програма е пренесена од Институтот за компјутерска техника и информатика.

1. Општи информации


Оваа студиска програма овозможува здобивање на знаења за примена на информатичката технологија во области како: примена на програмерската практика за поддршка на различни видови апликативни решенија, реализација на компјутерски системи од аспект на хардвер и софтвер, анализа, дизајн и имплементација на информациски системи, е-технологија и нејзина практична примена. Инженерите, специјализирани во областа на информатиката, можат брзо да се вклучат во индустријата на информациско-комуникациските технологии, компјутеризација на разни видови дејности, развој и одржување на апликации, дизајнирање на програмски и системски пакети за поддршка на производствените процеси и друго.

2. Стекнати титули по завршување на студиските програми и времетраење на студиите

Титула: Дипломиран инженер по информатика

Времетраење: 3 години (6 семестри)
 
3. Наставна програма
 
Задолжителни предмети
Изборни предмети