Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, организира промотивен настан на кој ќе бидат презентирани видот, критериумите и условите за стипендиите за прв, втор и трет циклус студии кои се наменети за македонските граѓани, а ги доделува Владата на Руската Федерација за студии на универзитетите во Русија.
Настанот ќе се одржи на 3 март 2016 година (четврток), со почеток во 11 часот, во просториите на Економскиот факултет на УКИМ, амфитеатар 1.