Во периодот од 4-ти до 6-ти април традиционално на техничкиот кампус при УКИМ ќе се одржи саемот за вработување и пракса - КОНТАКТ. И оваа година ФИНКИ е дел од настанот.
Цели на настанот:
► Да воспостави контакт помеѓу компаниите и студентите;
► Да ги поттикне студентите да посегнат по нови можности и да ги охрабри да го преземат, за некои од нив, првиот чекор кон градење на својата кариера;
► Студентите да се запознаат со можностите кои ги нудат компаниите на пазарот директно од вистинските луѓе - компаниите учеснички;
► Локацијата каде се одржува настанот (факултетскиот кампус) им нуди можност на компаниите непосредно да се запознаат со студентите, а со тоа на полесен начин да пронајдат високо квалификуван кадар;
► Студентите би се запознале со начинот на работа на компаниите и условите кои треба да ги исполнуваат за вработување или добивање практикантска работа;
► Самите компании да стекнат увид во знаењата и вештините на студентите, да направат селекција на кадарот кој им е потребен и да им се овозможи брз и лесен пристап до профилот на студентите-апсолвенти.
Агенда на настанот:
Агендата на настанот се дели на два дела: Едукативен и Саемски дел.
Саемскиот дел се состои од презентации на компаниите и саемски дел, како и презентации на професори на теми поврзани со успешно градење на кариера, додека во Едукативниот дел се опфатени предавања и обуки од страна на професионални и стручни предавачи на теми дефинирани со агендата.