Во склоп на Codefest кој ќе се одржи по 4-ти пат во Охрид оваа година од 15ти - 17ти април се организира конференција Codeference.
Codeference е еднодневна технолошка конференција на која ќе се дискутираат теми од областа на технологијата, иновациите, дигиталниот маркетинг, стартапите, инвестициите итн. Богатата агенда на конференцијата меѓу другото ќе опфати гости предавачи од неколку реномирани светски компании како Google, Microsoft, Adobe, Viber итн. Веб страната на конференцијата е
http://www.codefest.eu/codeference.
Студентските карти за конференцијата чинат 15 евра и се еквивалентни со стандардните карти. Картите може да се купат до 1-ви април. Линкот за регистрации е:
http://www.codefest.eu/codeference#Register. Ова е одлична можност за студентите да се запознаат со еден настан налик на светските технолошки настани.