Последни вести

Саем за вработување и пракса
Датум: 27.03.2016 Во периодот од 4-ти до 6-ти април традиционално на техничкиот кампус при УКИМ ќе се одржи саемот за вработување и пракса - КОНТАКТ.
TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настан
Датум: 27.03.2016 На 30.03.2016 на ФИНКИ ќе се оддржи вториот од серијата шест TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани на тема “Гејминг: Општественото влијание”.
Codeference во склоп на Codefest
Датум: 27.03.2016 Студентските карти за конференцијата чинат 15 евра и се еквивалентни со стандардните карти.

Skopje2WEB - веб дизјан работилница Датум: 26.03.2016

Во тек на април 2016 година, во организација на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ), а поддржано од Град Скопје, започнува тридневна работилница за веб дизајн. На оваа обука можат да учествуваат средношколци од гимназиите во градот Скопје, кои следат втора, трета или четврта година и се заинтересирани да добијат поголемо знаење во делот на веб дизајн и работа со HTML и CSS.
 
Обуката ќе се одржува од 08 до 10 aприл 2016 година, во просториите на ФИНКИ, каде што предавања и работилници ќе бидат одржани од професори и асистенти од факултетот.
 
Како резултат на оваа обука, учесниците ќе треба да создадат едноставна веб страна која што ќе прикажува информации за некој дел од градот, која што ќе биде информативна и интересна за граѓаните, но и туристите кои што го посетуваат градот Скопје.
 
По завршувањето на обуката, учесниците ќе имаат работен период од еден месец во координација со професорите, се до почетокот на месец Мај, за секој учесник да ја финализира својата страна. Најдоброто решение ќе биде презентирано на фестивалот : Скопје Креатива 2016. Победникот со најдоброто решение ќе биде награден.
 
Повеќе информации на официјалниот настан на Facebook.
 
Формата за пријава може да ја најдете на следниот линк.
 
Побрзајте со пријавите, местата се ограничени.
 
Се гледаме на ФИНКИ!