Последни вести

Саем за вработување и пракса
Датум: 27.3.2016 Во периодот од 4-ти до 6-ти април традиционално на техничкиот кампус при УКИМ ќе се одржи саемот за вработување и пракса - КОНТАКТ.
TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настан
Датум: 27.3.2016 На 30.03.2016 на ФИНКИ ќе се оддржи вториот од серијата шест TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани на тема “Гејминг: Општественото влијание”.
Codeference во склоп на Codefest
Датум: 27.3.2016 Студентските карти за конференцијата чинат 15 евра и се еквивалентни со стандардните карти.

Прв академски час на ФИНКИ Датум: 14.9.2012

Почитувани студенти и пријатели на ФИНКИ, со особено задоволство Ве известуваме дека првиот академски час за учебната 2012/2013 година, ќе се одржи на 17 септември (понеделник), од 10:30 до 12:00 часот, во Кино Милениум.

Ве покануваме заедно на нашите студенти да им посакаме успешен почеток на учебната година. Присутството на бруцошите на ФИНКИ е задолжително.
 
 
Свечениот час ќе го водат студенти, членови на Студентски парламент ФИНКИ, а ќе биде отворен од Деканот на Факултетот, вон. проф. д-р Димитар Трајанов. Гостин на првиот час ќе биде г-дин Кристијан Даниловски, основач на компанијата ФХ3Х.
 
ФХ3Х е македонска компанија за продукција на визуелни ефекти и анимација за играни филмови и рекламни спотови. Во текот на 14 години од своето основање, компанијата стана лидер во оваа област во регионот и тие беа меѓу првите кои можеа да работат на стерео продукција, односно на 3D. Поради квалитетот во своето работење, компанијата успеа да оствари соработка со најпознатите продуцентски студија во Холивуд и да работи на редица холивудски блокбастери.

Кристијан Даниловски е на чело на развојот на визуелните ефекти и компјутерската графичка анимација во Македонија. Заедно со Миливоје Ѓорѓевиќ ја основа ФХ3Х во 1997 година како прва компанија од ваков вид, со највисок квалитет во регионот. По низа успеси во Европа, Даниловски беше водечка фигура во изработката на дел од визуелните ефекти во филмот на Мартин Скорсезе „Авијатичарот“ во 2004 година во Македонија. Тоа беше и воопшто првата таква работа во регионот, по која за компанијата се отворија вратите на Холивуд.

По номинацијата за наградата ЕМИ за телевизиската серија „Патот до 11 септември“ на Дејвид Канингам, Даниловски кој беше продуцент на визуелните ефекти, стана член на академијата ЕМИ и наедно, на престижната Асоцијација за визуелни ефекти (VES Association), која ги оценува најновите филмски остварувања и дава предлози за „Оскар“ за визуелни ефекти.

По ова признание ФХ3Х го доживеа својот најголем успех со работата на „Златен компас“ на Крис Вајз, кој во 2008 година освои „Оскар“ за визуелни ефекти. Од 2009 година наваму, во соработка со ILM, визуелните артисти од ФХ3Х работат на филмови како: „Terminator: Salvation“, „The Last Airbender“, „I am Number Four“ „Transformers 3: Dark of the Moon“, „Red Tails“, „The Avengers“ ,“ The Clash of the Titans“ и „Scherlock Holms: Game of Shadows“.

Во 2011 компанијата беше наградена со титулата Европски Шампион во претприемаштво.
 
Со големо задоволство можеме да кажеме дека оваа компанија е една од пријателите со кои ФИНКИ соработува.