Последни вести

Саем за вработување и пракса
Датум: 27.3.2016 Во периодот од 4-ти до 6-ти април традиционално на техничкиот кампус при УКИМ ќе се одржи саемот за вработување и пракса - КОНТАКТ.
TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настан
Датум: 27.3.2016 На 30.03.2016 на ФИНКИ ќе се оддржи вториот од серијата шест TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани на тема “Гејминг: Општественото влијание”.
Codeference во склоп на Codefest
Датум: 27.3.2016 Студентските карти за конференцијата чинат 15 евра и се еквивалентни со стандардните карти.

Java талент програма на Seavus Датум: 04.3.2016

Софтверската компанија Сеавус објавува нов циклус обуки за Јава кои ќе започнат кон крајот на март 2016 г. во Скопје. Обуката, која е дел од Програмата за таленти на Сеавус, е наменета за дипломирани студенти или студенти на последна година на техничките факултети во земјава.
 
Предвидено е да трае 12 дена со четири часовни интерактивни сесии и практични работилници, вклучувајќи работа со Hibernate, Spring и обука за Unit Testing. Учесниците ќе добијат знаење и искуство за развој на апликации и ќе имаат можност да ја продолжат својата професионална кариера во Сеавус.
 
Компанијата ги повикува сите амбициозни и мотивирани млади луѓе да аплицираат со пополнување на електронска пријава најдоцна до 7 март 2016 г. (понеделник) на веб страната:http://www.career.seavus.com/.