Последни вести

Саем за вработување и пракса
Датум: 27.3.2016 Во периодот од 4-ти до 6-ти април традиционално на техничкиот кампус при УКИМ ќе се одржи саемот за вработување и пракса - КОНТАКТ.
TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настан
Датум: 27.3.2016 На 30.03.2016 на ФИНКИ ќе се оддржи вториот од серијата шест TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани на тема “Гејминг: Општественото влијание”.
Codeference во склоп на Codefest
Датум: 27.3.2016 Студентските карти за конференцијата чинат 15 евра и се еквивалентни со стандардните карти.

Codefest Маратон Датум: 07.3.2016

Од 15ти до 17ти април во хотел Инекс Горица во Охрид ќе се одржи интернационалниот технолошки настан Codefest Marathon.
 
Настанот има форма на програмерски маратон за студенти и ученици (од средни училишта  до мастер студии) со траење од непрекинати 32 часа за време на кои учесниците во тимови работат на развивање на сопствени идеи, а имаат можност за директна работа и совети од реномирани ментори, експерти во повеќе области.
 
Настанот е од натпреварувачи карактер за што се обезбедува разновиден награден фонд. Оваа година Маратонот е член и на светската лига на хакатони, Major League Hacking што истовремено значи и интернационални признанија за учесниците.
 
Покрај Маратонот во програмирање, оваа година Codefest вклучува и еднодневна технолошка конференција како и бизнис експо - изложбен простор за компании и организации.
 
Во прилог може да ја погледнете официјалната покана за учество. Од оваа година за прв пат нудиме и можност за евалуација на идеите на тимовите кои сакаат да добијат совети и мислења за своите идеи пред истекот на рокот за аплицирање (15ти март).  Ова се реализира со испраќање барање за состанок до тимот на Codefest, по што се закажува термин за состанок до 10ти март. Повеќе детали за ова има во самата покана. 
 
За дополнителни информации испратете порака на hello@codefest.eu