Профил: Хардверско инженерство и системи на чип
1. Општи информации
Хардверското инженерство, како и системите на чип, овозможуваат да
создаваме машини и алатки засновани на компјутерите. Инженерите кои што
специјализираат во оваа област
дизајнираат нови интелигентни
направи за масовно производство, но исто така работат и во полето на
автоматиката. Некои од поинтересните примени се наоѓаат во дизајнот и
програмирањето на патните компјутери на автомобилите, автопилотните
системи и така натаму.