Компјутерски мрежи и е-технологии (4+1)
1. Општи информацииВредноста на ИТ пазарот во Македонија во 2006 година изнесуваше 85,4 милиони долари. Тоа е 1,4% од бруто домашниот произовд (БДП). Се очекува вредноста на пазарот во 20X година да порасне на 200 милиони долари и нејзиниот удел во БДП да порасне на 3%. Во Македонија функционираат повеќе од 400 ИТ фирми и ИТ вработувањата се два пати повеќе од националниот просек според истражувањата на МАСИТ .
Во оваа насока Владата на Република Македонија во својата програма предвидува реализација на низа проекти кои одат во насока на подигање на нивото на присуство на информатичката технологија и градењето на информатичкото општество. Меѓу другото, Владата веќе обезбеди финансиска поддршка за студенти што студираат информатика на универзитетите во земјата. Oпределбата на Владата произлегува и од изјавите на одредени ИТ фирми во Македонија, странски и домашни, за недостаток на квалификуван ИТ кадар. Претставниците на стопанството нагласуваат дека ќе бидат принудени да ги префрлат своите ИТ центри надвор од земјата ако продолжи овој тренд на недостаток на квалитетна ИТ работна сила. На почетокот на 2007 година ИКТ комората при Сојузот на стопанските комори официјално ја предупреди владата за недоволниот број на ИТ едуцирани кадри. Ваквиот очекуван пораст на ИТ индустријата, предизвикува и зголемена побарувачка на информатички кадри, па соодветно на тоа и зголемен број на специјалисти и магистри.
Стекната титула: Магистер по електротехника и информациски технологии, Студиска програма „Компјутерски мрежи и е-Технологии“
Елаборат за студиската програма: Елаборатот во кој се наоѓаат деталите за предметите и професорите на студиската програма може да се преземе
тука.
2. Листa со предмети од студиските програмаЗадолжителни предмети:
Задолжителни општо-образовни предмети: