Лабораторија за мобилни и мултимедијални апликации

 
Лабораторијата е основана во мај 2012 година со опрема донирана од Владата на Република Македонија.

Лабораторијата располага со најсовремена опрема за видео конференции и развој на мобилни решенија.
 
Лабораторијата располага со: видео конференциски систем за предавална, систем за снимање и стриминг на видеоконферении, централен систем за управување со видео конфернција, видео медиа систем, мултимедиски работни станици, напредни развојни плочки за вградливи системи, отворени безжични системи, RFID опрема мобилни сензор.

Подолу можете да видите фотографии од опремата со која што располага оваа лабораторија.

Опремата покрај за научно-истражувачката дејност на Факултетот, се користи и за опслужување на вежбите на предметите Мобилни информациони системи, Вградливи компјутерски компоненти, Мобилни и веб сервис, Колаборативни компјутерски системи, но истата може да ја користат сите вработени и студенти на ФИНКИ.

Повеќе информации за оваа лабораторија можете да добиете од вон. проф. д-р Владимир Трајковиќ и ас. м-р Петре Ламески