Лабораторија за интелигентна роботика

 
Лабораторијата е основана во мај 2012 година со опрема донирана од Владата на Република Македонија и делумно со опрема обезбедена од сопствени проекти и средства.

Лабораторијата располага со најсовремена опрема за роботика, интелигентни системи и сензорски мрежи.
 
Лабораторијата располага со NAO роботи, мобилни роботски платформи, GPS сензори со голема прецизност, 3D ласерски роботски радари, камери за стерео визија, ARDrone квадротори, хексаподи, роботска рака, Kinect сензори и многу повеќе. Подолу можете да видите фотографии од опремата со која што располага оваа лабораторија.
 
Опремата покрај за научно-истражувачката дејност на Факултетот, се користи и за опслужување на вежбите на предметите Вештачка интелигенција и Вовед во роботика, но истата може да ја користат сите вработени и студенти на ФИНКИ.

Повеќе информации за оваа лабораторија можете да добиете од вон. проф. д-р Андреа Кулаков и ас. м-р Петре Ламески
 
 
2 NAO NextGen роботи 
 
 
6 Parrot ARDrone квадротори 
2 Microsoft Kinect сензори 
Роботска рака 
 
2 Хексаподи 
2 камери за стерео визија 
 
2 Мобилни роботски платформи Pioneer 3dx 
2 3D ласерски роботски радари Sick 3D LRF