FORTINET лабораторија за информациска безбедност

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во соработка со КЕРНЕЛ Македонија и Fortinet формираа лабараторија со која на студентите им се нуди можност за практична настава и запознавање со уредите на овој производител, како и решенијата и начините на кои може да се оствари заштита на компјутерските мрежни инфраструктури и електронските податоци.
 
Во лабараторијата на студентите ставени им се на располагање уреди со кои тие ќе може да извршуваат тестирања и конфигурирање на истите во демо околина под надзор на стручен кадар од факултетот како и инжинери од Кернел Македонија сертифицирани од страна на производителот за оддржување на обуки. Оваа лабараторија ќе им овозможи на студентите заинтересирани за изучување мрежни технологии и компјутерска сигурност да се стекнат со практични знаења со цел да се оформи нивното знаење и да се подготват за полесна интеграција за работа во компаниите по нивното дипломирање.