Лабораторија за екоинформатика
Еколошките информационите системи се од особена важност за одржливиот развој на една држава а и во светски рамки.
Лабораторијата за екоинформатика е формирана уште во 2003 година со опрема набавена исклучиво од сопствени средства од апликативната дејност а потоа и од сопствени средства од научноистражувачката дејност (меѓународни проекти).
Тие проекти се:
- ”Computer modelling and multimedia presentation of coastal pollution of Ohrid lake” UNESCO project 1996-7
- FP-6 EC Project TRABOREMA (2005–2007), „Concept for transboudary water management and sustainable socioeconomic development in the cross border region of Albania, R. Macedonia and Greece“.
- TEMPUS CD JEP 19028-2004 “Development of Environmental and Resources Engineering Curriculum”, 2005/2008
- Билатерален проект со Словенија (2007–2008), „Knowledge discovery for ecological modeling of lake ecosystems“ – раководител: д-р Коста Митрески.
- TEMPUS Project – EIDOPC (2007–2009), „Ecosystem Informatics – Development of Postgraduate Curriculum“, JEP-41038–2006 – раководител: д-р Коста Митрески (2007–2009).
Примената на информационите технологии и системи во екологијата бараат од студентите мултидисциплинарни знаења. Географските информациони системи и мобилните веб сервиси се користат и употребуваат на многу начини, особено во акумулацијата и дистрибуцијата на многу важни информации. Специфични процедури на операции можат да бидат спроведени, како што е мерењето на податоци од далечен објект за мониторинг, а подоцна и испраќање на специфични пораки за состојбата на еутрофизацијата за критичните алармантни вредности.

За понатамошно доопремување и усовршување на лабораторијата, добиена е дополнителна опрема (воглавно мерна опрема) и софтвер.
Со новата опрема се доби следно:
- Компактен мерач на квалитет на воздух (Airpointer)
- Ултрасоничен инструмент за мерење на проток, ниво и притисок на течности и гасови
- Софтвер за еколошки анализи
- Софтвер за еколошки анализи – STELLA
- Софтвер за еколошки анализи – OMNIDIA
- Софтвер за еколошки анализи – GoldSim