CUDA Teaching Center од NVIDIA

CUDA преставува архитектура од NVIDIA за паралелно пресметување, која овозможува драматични зголемувања на компјутерските перформанси со искористување на моќта на графичките пресметковни единици (GPU - Graphics Processing Unit).
 
CUDA Teaching центрите се признаени институции кои ги имаат интегрирано GPU компјутерски техники во нивната главна наставна програма. CUDA Teaching Center Program преставува прва програма од ваков вид која ги признава ваквите образовни институции. 
 
Како дел од CUDA Teaching Center програмата, NVIDIA донираше GPU опрема на ФИНКИ како неограничен подарок за поддршка на универзитетските наставни напори. Опремата ќе се користи од страна на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство како дел од новата лабораторија , која ќе им обезбеди на своите студенти пристап до најнапредните технологии. Лабораторијата ќе се користи за наставни и истражувачки активности во областа на CUDA C/C++ GPU пресметување, GPGPU и паралелно програмирање.