Компјутерски науки и инженерство
Промените во областа на компјутерските науки и инженерство. никогаш не биле подинамични. Новите информациски технологии се развиваат постојано, при што нивниот трансфер допира насекаде во светот и се одвива со изразена временска динамика. Современите истражувања и студии во областа на инженерството, на светско ниво, како главен предизвик го имаат развојот на нови напредни технологии и методолгии кои ќе обезбедат современи решенија во областите на информациските и комуникациските технологии.
Во наставниот процес на студиската програма за докторски студии по компјутерски науки и инженерство ќе се следат светските и европските текови во високото образование на докторски студии и потребите на општеството. Таа се темели на современите научни сознанија во областа со што на студентите ќе им овозможи стекнување напредни научно-истражувачки, теоретски и практични знаења, како и да ги оспособи со истражувачки вештини, нови инженерски знаења и менаџерски вештини.
Со ваквата студиска програма се стремиме да ги поставиме во фокусот идните предизвици на информатичките науки и компјутерското инженерство кои може да бидат совладани преку континуирана надградба која, пак, е можна само врз база на современите научни сознанија.
Елаборатот за докторските студии по компјутерски науки и инженерство може да го најдете
тука.
- Назив на предлагачот:Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
- Назив на студиската програма: Академски студии од трет циклус по Компјутерски науки и инженерство
- Научно - истражувачко подрачје: техничко-технолошко
- Поле: компјутерски техника и информатика
- Област: Компјутерски науки и инженерство
- Вредноста на докторските студии изнесува 180 ЕКТС кредити.
- Траење на студиите:3 години, 6 семестри.
- Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
- Првата година се состои од наставни предмети, додека втората година се подготвува и пријавува докторската дисертација по што следи истражување, објавување резултати и пишување и одбрана на тезата. Секој година има и докторски семинар и годишна конференција со презентација на извештај.
- Услови за запишување на студиите: Право за запишување на докторски студии имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат следниве основни критериуми:
- завршен II циклус на студии усогласени со европскиот кредит-трансфер систем (во натамошниот текст: ЕКТС-кредити);
- завршени постдипломски студии по студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 60 кредити од обука за истражување и едукација;
- стекната стручна подготовка според студиски програми за регулирани професии, со остварени најмалку 300 ЕКТС-кредити;
- остварен просечен успех од сите предмети од претходно завршеното високо образование, од најмалку 8,00 (I и II циклус на студии);
- познавање на еден од светските јазици. Доказ за познавање на светски јазик е сертификат од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ или меѓународен сертификат или диплома за претходно стекнато образование на соодветниот светски јазик.
- 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман
- Бројот на контактните часови е 4
- Академскиот назив или степен кој се стекнува со завршување на студиите е
– Доктор по техничко-технолошки науки, специјалност компјутерски науки и инженерство
Година на студии |
Семестар |
Активност |
ЕКТС |
I |
1 |
Научно-истражувачка етика |
4 |
Методологија на научно-истражувачка работа (од областа на КНИ) |
4 |
Изборен предмет за стекнување на генерички знаења* |
4 |
Изборен стручен предмет |
7.5 |
Изборен стручен предмет |
7.5 |
2 |
Изборен стручен предмет** |
7.5 |
Изборен стручен предмет |
7.5 |
Докторски семинар со презентација |
2 |
Истражување (за подготовка на тема за докторска дисертација) |
14 |
Годишна конференција со презентација на извештај |
2 |
II |
3 |
Подготвување и поднесување на пријавата за темата за докторска дисертација |
28 |
Докторски семинар со презентација |
2 |
4 |
Работилница за истражувачка практика |
3 |
Истражување и објавување резултати |
25 |
Годишна конференција си презентација на извештај |
2 |
III |
5 |
Истражување и објавување резултати |
28 |
Докторски семинар со презентација |
2 |
6 |
Работилница за истражувачка практика |
3 |
Пишување и одбрана на тезата |
25 |
Годишна конференција со презентација на извештај |
2 |
* Предметот може да се избере од предметите од табела 2 како и од Универзитетската листа на изборни предмети за генерички знаења
** Предметот може да се избере од предметите од табела 3, табела 4, од слободната листа на изборни предмети како и од сите акредитирани предмети од III циклус на студии при Универзитетот
При изборот на стручните предмети мора да се запазат следните правила:
- Изборот на стручните предмети се прави во договор со согласниот потенцијален ментор на кандидатот.
- Секој кандидат мора да има избрано стручни предмети така што ќе има минимум 3 (тројца) различни наставници на предметите.
- Еден наставник смее да се појави во својство на наставник на максимално 2 изборни стручни предмети на еден кандидат.
- Дозволено е максимално 2 (два) стручни изборни предмети да се изберат и од друга студиска програма од трет циклус студии при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, при што едниот е во изборниот слот **.
- Во случај на избор на предмети од друга студиска програма, Советот на докторски студии го разгледува изборот на кандидатот и презема мерки за да обезбеди соодветно непреклопување на наставните содржини на избраните предмети.
Табела 1:Листа на понудени изборни предмети за стекнување на генерички знаења
|
Код |
Предмети |
Семестар |
ЕКТС |
Предуслов |
1 |
КНИ-Г2 |
Раководење со научно-истражувачки проекти |
Прв |
I |
4 |
Нема |
2 |
КНИ-Г3 |
Пишување научно-истражувачки труд |
Прв |
I |
4 |
Нема |
Табела 2: Изборни стручни предмети понудени на универзитетска листа на слободни изборни предмети од III циклус
Нов код |
Наслов на предметот |
ЕКТС |
Семестар |
КНИ-С1 |
Визуелизација на информации |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С5 |
Мрежи |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С6 |
Откривање знаење во податоците |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С11 |
Технологии за е-бизнис |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С21 |
Теми во развој на софтвер |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С28 |
Вовед во динамички системи и управување |
7.5 |
прв или втор |
Табела 3: Изборни стручни предмети
Нов код |
Наслов на предметот |
ЕКТС |
Семестар |
КНИ-С2 |
Напредни кориснички интерфејси |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С3 |
Биоинформатика |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С4 |
Математичка биологија |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С7 |
Деловна интелигенција |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С8 |
Когнитивна роботика |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С9 |
Семантички веб и семантички веб сервиси |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С10 |
Современи методи за паралелно процесирање |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С12 |
Напредни безжични компјутерски мрежи |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С13 |
Сервисно ориентирани архитектури |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С14 |
Напредни поглавја за системи за поддршка на учење на растојание |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С15 |
Напредни мобилни информациони системи |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С16 |
Напредни мултимедиски информациони системи |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С17 |
Повеќе-агентни системи |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С18 |
Напредни интелигентни информациони системи |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С19 |
Компјутерска визија |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С20 |
Меко пресметување |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С22 |
Интелигентни софтверски алгоритми |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С23 |
Еколошко моделирање |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С24 |
Просторно-временски анализи со ГИС |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С25 |
Процесирање на говор |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С26 |
Процесирање и препознавање на слики и видео содржини |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С27 |
Напредна обработка на текстуални податоци |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С29 |
Скалабилно пребарување и класификација на слики и видеа |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С30 |
Рударење на масивни податочни множества |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С31 |
Учење со структурни податоци |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С32 |
Анализа и еволуција на комплексни мрежи |
7.5 |
прв или втор |
КНИ-С33 |
Напредни техники во облакот |
7.5 |
прв или втор |