Инженерство на интелигентните системи (3+1+1)

1. Општи информации
 
Науката за градење на Вештачки интелигентни системи зазема централно место во инженерските науки. Има два главни правци во развивањето на вештачките интелигентни системи: насока која започнува од машини и води кон интелигенција – роботички приод, и насока која започнува од биолошки системи и води кон градење вештачки суштества – биоинформатика и биолошко инженерство. Овој модул има за цел да ги опфати и двата приода на можност за конструкција на интелигентните системи.

Научното подрачје на студиската програма се Интелигентните системи. Двата модули кои тука се предлагаат претставуваат два различни погледи кон градењето на интелигентните системи. Првиот модул го претставува Биоинформатичкиот приод, а вториот Роботичкиот приод кон градењето на интелигентни системи. Наставата по магистерските студии од инженерство на Интелигентни системи ќе се одвива во два семестри. Вкупниот број на кредити кои ги носи секој од модулите е 60. Во наставната програма во двата модули е предвидено да има по 4 задолжителни и 2 изборни предмети кои се во согласност со избраната тема за магистерска работа.

Студентите кои дипломирале на студиски програми по компјутерски науки или компјутерски технологии чиишто студии носат помалку од 240 кредити, треба да положат испити кои ќе им овозможат навлегување во областа на Интелигентните системи. Така во првите два семестри овие студенти бираат понудени предмети кои ќе им овозможат дополнување до 240 кредити.
 
Стекната титула: Магистер по инженерство на интелигентни системи – модул Биоинформатика, или Магистер по инженерство на интелигентни системи – модул Роботика
 
2. Листа со предмети од студиските програма
 
Задолжителни воведни предмети во семестар 1 и 2 за модулот Биоинформатика (во случај да не се слушани во текот на додипломските студии)
 
Задолжителни воведни предмети во семестар 1 и 2 за модулот Роботика (во случај да не се слушани во текот на додипломските студии)
 
Изборни воведни предмети во семестар 1 и 2 до 240 кредити за двата модули
  • Избор од активните предмети од додипломски во тековниот семестар (во договор со одговорното лице за магистерските студии)
 
Задолжителни предмети за Интелигентни системи – Биоинформатика: