Биоинформатика (4+1)

1. Општи информации

Биоинформатиката е релативно нова интер-дисциплинарна научна област во која се применуваат современите алгоритамски решенија од информатичката наука врз податоци добиени од биолошките експерименти. Огромната количина на биолошки податоци потребно е соодветно да се обработи и складира со цел да може ефикасно да се искористи. Преку моделите кои би се граделе врз основа на знаењата од системската биологија ќе може да се допре до непознатите настани кои се случуваат во организмот кога е заразен со некој вирус, а со тоа и да се идентификуваат слабостите на вирусот и да се направи модел за негово уништување. Добиените резултати во голема мерка ќе ги олеснат, осовременат и лесно би се примениле во фармацевтските компании, биологијата, медицината и областите генетика и протеомика.
 
Постдипломските студии по биоинформатика ќе ги оспособат студентите за разбирање, развивање и користење на напредни алгоритми и техники за анализа, индексирање, пребарување и користење на податоци од биолошките бази на податоци, како и моделирање на настаните и процесите кои се случуваат на ниво на клетка, орган или организам, вклучувајќи ги најновите технологии од областите бази на податоци, молекуларна биологија, генетика и машинска интелигенција.

Стекната титула: Магистер по електротехника и информациски технологии, Студиска програма „Биоинформатика“
 
Елаборат за студиската програма: Елаборатот во кој се наоѓаат деталите за предметите и професорите на студиската програма може да се преземе тука
 
2. Листa со предмети од студиските програма

Задолжителни предмети:
 
Задолжителни општо-образовни предмети:
 
Изборни предмети: