Конечен распоред за прва колоквиумска недела
Објавен е конечен распоред за првите парцијални испити за летниот семестар за академската 2015/2016 година.
Известување за запишување на семестар
Се известуваат сите студенти на прв циклус на студии кои не добиле термин за запишување на семестар да поднесат документи најдоцна до петок 04.03.2016 во студенстката служба на ФИНКИ.
Делење на индекси од упис на семестар
Индексите дадени за упис на семестар, од понеделник (29.02.2016) ќе се делат во новата просторија помеѓу бараките Б2 и Б3 секој работен ден од 10 до 13 часот.

Распоред на часови

Почитувани студенти, наставата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство започнува во понеделник, 01.02.2016 година. Распоредот на часови е објавен до делот „Студии - Додипломски студии - Распоред“. Во истиот дел е објавена и распределба на студенти по групи.
 
Напомена: На распоредот се поставени само предавањата од задолжителните предмети и истиот ќе важи само првата недела од 01-05.02.2016 година. Исто така бројот на групи по предмет и распределбата по групите не е конечна и ќе зависи од вкупниот број на запишани студенти по истекување на рокот за упис.