Пријавувањето на испитите на ФИНКИ за зимскиот испитен рок 2015/2016 година за студентите на втор циклус на студии ќе се одвива во периодот од 03.03 до 13.03.2016 година. Сите студенти на ФИНКИ испитите ги пријавуваат на ФИНКИ, без разлика каде ги слушале.
Најавувањето е преку централниот автентикациски сервис на ФИНКИ (CAS) преку адресата:
http://finki.iknow.ukim.edu.mk. Пријавувањето на проблем се врши преку тикет системот, на адресата
http://help.students.finki.ukim.mk. При пријаувањето на проблем со задолжително изберете тема:
Пријавување испити, бидејќи така се гарантира дека вашиот проблем ќе биде проследен на вистинското место во најкраток рок.
Откако ќе се најавите на системот, пред вас се отвора почетната страница за студентите. На неа се наоѓаат активни соопштенија кои биле поставени од факултетот. Главното мени за навигација се наоѓа на горниот дел од страницата веднаш под името, презимето и бројот на индекс на најавениот студент.
Втората опција од менито ве води на страница на која можете да ги видите вашите лични податоци кои се внесени во системот при запишувањето. Третата опција е "Запишани семестри". На оваа страница студентот има увид во тоа кои семестри му се веќе запишани. Во табот "Предмети" студентот има увид во запишаните предмети во семестрите кои ги запишал. Во табот "Испити" може да има увид кои предмети му се внесени во системот како положени и која е соодветната оценка која ја има добиено за истите.
Во табот "Пријави" студентот има можност да прати електронска пријава за испит за некој од запишаните предмети. Од листата со веќе слушани предмети треба да се избере професорот кај кој е слушан предметот и ќе се полага и да се штиклира квадратчето во колоната "Пријави". Откако ќе ги штиклирате сите предмети кои сакате да ги пријавите, кликнете го копчето "Пријави". Во табелата со пријавени испити, кај секој пријавен испит се појавува сериски број на пријавата. Серискиот број на електронската пријава задолжително треба да се впише на хартиената пријава. Серискиот број треба да се напише на горниот десен агол од пријавата, на нејзината задна страна.
Во табелата на веќе пријавени испити има колона „Таксени”. Кај секоја пријава (во секој ред) може да се кликне на вредноста во оваа колона при што се отвора формата со таксени марки за таа пријава. Во формата може да се внесе СМС код од електронска таксена марка заедно со износот на таа СМС уплата. Системот по извесно време автоматски ќе ја валидира таксената марка на соодветниот државен сервис.
Хартиена пријава
Хартиените пријави НЕ СЕ НОСАТ во службата за студентски прашања, туку дирекно на професорите на испит. За студентите кои положиле преку колоквиуми, пријавите се предаваат во терминот за земање оценки.
Хартиената пријава се купува во околните книжари, скриптари и други продажни места за студентски документи. Истата треба да има потврда за платена административна такса од 50МКД (електронски, според ова
упатство при што се запишува трансакцискиот број добиен со СМС порака, во горниот десен агол на предната страна на пријавата или прикачена уплатница која е достапна
тука за уплатена административна такса) (шифрарникот на општини е достапен
тука).
Право на полагање на испит ќе имаат само оние студенти кои ќе имаат уредна електронска пријава, а во терминот за испит (за полагање преку колоквиум во терминот за подигање оценки) ќе донесат и хартиена пријава.
Студентите кои нема да донесат хартиена пријава, нема да имаат право да полагаат односно нема да имаат можност да им се внесе оценката добиена на преку колоквиумите.
Се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата. Студентите кои предметите ги положиле преку колоквиуми, исто така треба да ги пријават, бидејќи во спротивно нема да можат да ги добијат оценките и ќе треба да ја чекаат следната сесија.
Деканат на ФИНКИ, Скопје, 29.02.2016