Конечен распоред за прва колоквиумска недела
Објавен е конечен распоред за првите парцијални испити за летниот семестар за академската 2015/2016 година.
Известување за запишување на семестар
Се известуваат сите студенти на прв циклус на студии кои не добиле термин за запишување на семестар да поднесат документи најдоцна до петок 04.03.2016 во студенстката служба на ФИНКИ.
Делење на индекси од упис на семестар
Индексите дадени за упис на семестар, од понеделник (29.02.2016) ќе се делат во новата просторија помеѓу бараките Б2 и Б3 секој работен ден од 10 до 13 часот.

Анкети за квалитет на наставата

Почитувани студенти, со цел унапредување на наставата и зголемување на нејзиниот квалитет, на ФИНКИ е направен потполно нов систем за анонимни студентски анкети. Системот е достапен на students.finki.ukim.mk, на линкот Анкети.
 
Кодот е целосно развиен од страна на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство под GNU General Public License, version 3 (GPL-3.0) лиценца и истиот може да се преземе од https://github.com/finkiSkopje/Surveys. Сите проблеми со системот за анкетирање, пријавете ги на системот help.students.finki.ukim.mk, во делот студентски анкети.

Анкетите за сите студенти се задолжителни, но анонимни. Од системот iKnow се преземаат информации за запишаните предмети и соодветните наставници, а потоа се забележува само информација дека тој студент пополнил анкета за тој предмет. Врската кон одговорите на прашањата од студентите не постои, со што се гарантира целосна анонимност. За да нема сомневања, целиот изворен код на системот ќе биде објавен јавно на увид на сите заинтересирани.  

Прашањата во анкетите се стандардизирани на ниво на УКИМ, како дел од процедурата за самоевалуација.  

Ве повикуваме во периодот до 13.02.2016 година да ги пополните анкетите за предметите кои сте ги слушале во зимскиот семестар. Пополнетите анкети ќе бидат услов за заверка на летниот семестар за учебната година 2015/2016. Ве молиме за реално оценување, како и за што поконструктивни коментари, се со цел да се подобри квалитетот на наставата, да се пофалат оние кои тоа го прават на вистинскиот начин и да се искритикуваат оние кои не го прават тоа така.  

Ви благодариме за соработката