Владимир Здравески е роден во 1988 година. Дипломирал во 2010 година на насоката Компјутерски науки и инженерство, магистрирал е-технологии и компјутерски мрежи во 2012 година и докторирал во областа на Компјутерски науки и инженерство во 2017. Сега е вонреден професор на Факултетот за компјутерски науки и инженерство, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Учествувал во неколку меѓународни и локални истражувачки проекти, објавил повеќе трудови, коавтор е на една книга и два патенти. Неговото тековно истражување е фокусирано на примена на компјутерски алатки со високи перформанси во различни домени. Неговите академски и индустриски интереси се исто така поврзани со веб технологии, паралелно програмирање и развој на софтвер за претпријатија.