Кадар

м-р Весна Киранџиска

  • Демонстратор
  • vesna.kirandziska@finki.ukim.mk

Резиме:

Весна Киранџиска е родена во 1986 година во Скопје. Во текот на основното и средното образование активно учествувала на регионални, државни и меѓународни натпревари по математика. Има освоено повеќе награди и признанија. Во 2004 година ја освои наградата на град Скопје - “13ти Ноември” за  “одличен успех и постигнати резултати во образованието”. Весна Киранџиска дипломираше во октомври 2009 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, отсек информатика, на студиската програма компјутерски науки. Во октомври 2010  ги запиша постдипломските студии на Институтот за Информатика на Природно – математичкиот факултет во Скопје, насока Инженерство на Интелигентните системи - роботика. Весна Киранџиска во периодот 2007-2011 учествуваше во одржување на лабораториските вежби на Институтот по Информатика за курсевите: Основи на програмирање, Објектно и визуелно програмирање, Компајлери, Формални јазици. Вовед во ИТ, Компјутерски апликации, Веб дизајн, Конечна математика, Роботика, Структури на податоци и алгоритми. Полиња на нејзин научно – истражувачки интерес се интелигентни системи, роботика, податочно рударство, машинско учење и вештачка интелигенција.

Кадар

м-р Весна Киранџиска

  • Демонстратор
  • vesna.kirandziska@finki.ukim.mk