Кадар

д-р Верица Бакева

  • Редовен професор
  • /
  • verica.bakeva@finki.ukim.mk
  • /

Резиме:

Родена е 1969 година во Кавадарци, каде што завршила основно и средно образование со континуиран одличен успех. Во учебната 1988/89, се запишала на студиите по математика-информатика на ПМФ и ги завршила во 1992, стекнувајќи се со звањето дипломиран инженер по математика-информатика. Во 1993 година запишала постдипломски студии на ИИ при ПМФ. Во 1998 година ги завршила со одбрана на магистерскиот труд “Едноканални системи за масовно опслужување со квазигеометриски влезен поток и дискретно распределено време на опслужување” и се здобила со звањето магистер по математичко-информатички науки. Во 2003 година, со одбрана на докторската дисертација под наслов “Прилог кон примената на веројатносни модели во системите за масовно опслужување, криптографијата и кодирањето”, се стекнала со титулата доктор на информатички науки.


Верица Бакева е примена за стручен соработник на ИИ при ПМФ во 1993, во 1996 била избрана за помлад асистент, во 1998 за асистент во Заводот за теориски основи на информатиката на ИИ, во 2003 година за доцент, а од 2008 е вонреден професор. Во 2011 година со основањето на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, преминува на овој факултет. Во 2013 е избрана во звањето редовен професор, а 2017 е реизбрана во истото звање.


Како асистент изведувала вежби од следниве предмети од областа на математиката и информатиката: Теорија на веројатноста, Математичка статистика, Теорија на информациите, Теорија и методи на линеарното програмирање, Аналитичка геометрија (на студиите по информатика), Векторски простори, Веројатност, Веројатност и статистика (на студиите по математика), Математички методи во хемијата (на студиите по хемија), како и Информатика на Земјоделскиот и на Филозофскиот факултет. Како наставник изведува/ла настава по предметите: Теорија на веројатност, Веројатност, Веројатност и статистика, Теорија на информации, Случајни процеси, Калкулус 1, Калкулус 2, Диференцијално сметање, Интегрално сметање, Математичка анализа, Операциони истражувања (на студиите по информатика на ПМФ и на ФИНКИ), Операциони истражувања и Случајни процеси (на студиите по математика на ПМФ), Информатика (на студиите по математика-физика, по биологија, биологија-хемија и по историја и социологија на Филозофскиот факултет). На постдипломските студии била задолжена за предметите Теорија на информации, Случајни процеси и Теорија на кодирање, а изведувала вежби по Теорија на веројатноста и математичка статистика со примена во градежната техника за постдипломците од Градежниот факултет.


Научна област на нејзин интерес се веројатносните модели и нивните примени, пред се, во теорија на кодирање и криптографија. Има објавено повеќе од шеесет научни труда. Учествувала на повеќе конференции во земјата и странство со презентирање на свои трудови. Како истражувач, учествувала во шест проекти финансирани од Министерството за наука на Р.Македонија, од кои еден билатерален и во три меѓународни проекти. Исто така, била раководител на четори и учесник во 6 проекти финансирани од ФИНКИ. Автор е на еден универзитетски учебник, пет учебници и на една збирка задачи за гимназиско и средно-стручно образование, како и на една монографија издадена во странство. Во периодот 1995-97 била секретар на Советот на Математичко-информатичката школа за талентирани ученици, а во 1997 и нејзин предавач. Член е на Здружението ICT-ACT, како и на Секцијата за теорија на информации при IEEE.

Кадар

д-р Верица Бакева

  • Редовен професор
  • /
  • verica.bakeva@finki.ukim.mk
  • /

Предмети:

Наскоро...
Име на трудотМестоДржава
Some Characteristics of Geo/GD/1 and Geo^X/G_D/1 Queueing SystemsProceedings of I Congress of the Mathematicians and Informaticians of MacedoniaMacedonia
Series of Geo^X(p_i)/Geo(b)/1 queueing systems generated in the waiting processProceedings of I Congress of the Mathematicians and Informaticians of MacedoniaMacedonia
Дефинирање на границата на средноморското климатско влијание во Р.Македонија со посебен осврт на резултатите добиени со кластер анализаГеографски разгледи 31Македонија
Примена на статистички методи во изучувањето на метеоролошко-климатските карактеристики на просторот на Р.Македонија, Влијание на Средоземното Море врз климата во Р. МакедонијаМакедонска ризница 
Characterizations of the Geometric Distribution Related to the Unreliable Geo/GD/1 SystemsSimulation Engineering  
Some Characteristics of Systems with Geometrically Distributed Interarrival Times and Discrete Service TimesProceedings of the 7th International Conference on Operational Research KOI’98Croatia
Едноканални системи за масовно опслужување на квазигеометриски влезен поток и дискретно распределено време на опслужувањемагистерска работаМакедонија
Minimization of the Blocking Time of the Unreliable Geo/G_D/1 Queueing SystemsMathematical Communications, Vol. 4, No.1Croatia
Busy period and Number of Customers Served during the Busy Period in a Geo^X/G_D/1 Queueing SystemMatematichki BiltenMacedonia
Some Characteristics of Output Stream of Unserved Customers in G^X/G/1 and G_D^X/G_D/1 SystemMatematichki BiltenMacedonia
Quasigroup string processing: Part 1Contributions, Section of Mathematucal and Technical Sciences, MANU, XX 1-2Macedonia
Random walk tests for pseudo random number generatorsMathematical Communications, Vol. 6, No.2Croatia
Quasigroup Hash FunctionsProceedings of Workshop of Education of Informaticians and Industrial Mathematicians: New Challenges and NeedsMacedonia
Quasigroup and Hash FunctionDiscrete Mathematics and Applications: Proceedings of Sixth International Conference, South-West UniversityBulgaria
On a Stream Error Correcting CodesProceedings of the 2nd Conference of Informatics and Information TechnologiesMacedonia
Флуктуации и осцилации на врнежите во Скопје за периодот од 1925 до 2000 годинаГеографски разгледи 36Македонија
Примена на кластер анализата во лозарските единици во Република МакедонијаПрв Симпозиум по хортикултураМакедонија
On infinite Class of Strongly Collision Resistant Hash Functions EDON-F with Variable Length of Output, Proceedings of 1st International Conference on Mathematics and Informatics for IndustryGreece
Прилог кон примената на веројатносни модели во системите за масовно опслужување, криптографијата и кодирањетодокторска дисертацијаМакедонија
Примена на кластер анализата во класификацијата на лозарските единици според активните и ефективни температурни сумиI Балкански и III Македонски симпозиум по лозарство и винарство, Зборник на научни трудовиМакедонија
On Error-Detecting Codes Based On Quasigroup OperationsProceedings of the 4th Conference of Informatics and Information TechnologiesMacedonia
Probabilistic models in cryptography and coding theoryPliska Studia Mathematica Bulgarica, Vol.16Bulgaria
Error-Detecting Codes with Cyclically Defined RedundancyЗборник на трудови од III Конгрес на математичарите и информатичарите на МакедонијаМакедонија
Quasigroup String Processing: Part 4Contributions, Section of Mathematucal and Technical Sciences, MANU, XX 1-2Macedonia
Phillometric Study of Some Wine Grapevine (Vitis Vinifera L.) from the Balkan Subgroup (Subconvarietas Balcanica Negr.)Comptes Rendus Proceedings, 15th GESCOCroatia
A Model of Error-Detecting Codes Based on Quasigroups of order 4Proceedings of the Sixth International Conference for Informatics and Information TechnologyMacedonia
A probabilistic model of error-detecting codes based on quasigroupsQuasigroups and Related Systems 17  
Performances of Error-Correcting Codes based on QuasigroupsD. Dancev, J.M.Gomez (Eds.): ICT-Innovations 2009, Springer 
Some Probabilistic Properties of Quasigroup Processed Strings useful in CryptanalysisM.Gushev, P.Mitreski (Eds.): ICT-Innovations 2010, Springer 
Име на проектотФинансирано од
Математичко моделирање и оптимирањеМинистерство за наука
Развој и примена на математички модели и статистички методи во истражувања од областа на природните и општествените наукиМинистерство за образование и наука
Алгебарски структури и нивна примена во криптографија и други процесиМОН
Корелирани веројатносни модели и примена во теорија на масовното опслужување, теорија на ризик и осигурувањеМинистерство за наука
Алгебарски структури и нивни примени во комуникациски и други процеси МОН
Примена на случајните процеси во моделирање на системи за масовно опслужување и и решавање на проблеми од математичката статистикаМинистерство за наука
Назив на конференцијатаИме на конференцијатаГрадДржава
Conference on Informatics and Information TechnologyCIITБитолаМакедонија
CONGRESS OF MATHEMATICIANS OF MACEDONIACONGRESS OF MATHEMATICIANS OF MACEDONIAСтругаМакедонија
International Seminar on Stability Problems for Stochastic Models International Seminar on Stability Problems for Stochastic ModelsВарнаБугарија
Презентација заНа конференцијатаОд тип
Програмска поддршка за испитување на својствата на хаш функциитеConference on Informatics and Information Technology 
Minimization of the Waiting Times in M^X(l_i)/ M(m_i)/1 and Geo^X(p_i)/Geo(b_i)/1 Systems with Input Streams Constructed in a Series International Seminar on Stability Problems for Stochastic Models 
A generalization of Quasigroup Error-Detecting Codes using Bit CombinationsCONGRESS OF MATHEMATICIANS OF MACEDONIA 
Линк до асоцијацијата (здружението)Име на асоцијацијата (здружението)
http://cs.org.mkЗдружение на информатичарите на Македонија