Родена 1985 година во Радовиш, каде има завршено основно и средно образование. Во учебната 2004/05 се запишува на Правниот факултет „Јустинијан први“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Последната година од студирањето се определува за кривично-правната група, каде дипломира во 2009 година и се стекнува со звањето дипломиран правник. Истата година се запишува на последипломски студии на Факултетот за правни науки при Европскиот универзитет во Скопје, група Меѓународно право и меѓународни односи. Магистрира во 2011 година во областа човекови права и се стекнува со звањето магистер на правни науки. Како приправник се усовршува во Основно јавно обвинителство во Радовиш и во Адвокатска канцеларија на адвокат Ванчо Шехтански во Скопје. Има учествувано во проекти на T-Home, како супервизор на маркетинг, а била дел и од interexchange програми за студенти во Америка. Во 2011 година се вработува на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје. Како дел од службата за општи и правни работи на Факултетот зема учество на семинари за заштита на лични податоци, здобивајќи се со сертификат за заштита на лични податоци. Како лице со сертификат за работа со јавни набавки, од 2012 год. е назначена за одговорно лице на Факултетот да ги води сите постапки за јавни набавки кои се од интерес за Факултетот како договорен орган а сето тоа во согласност со Правниот систем на РМ и Кодексот на однесување при спроведување на јавните набавки. По спроведеното советување за Законот за заштита од вознемирување на работно место (мобинг) во организација на Здружението на правници на РМ, се збодива и со сертификат од оваа област, стекнувајќи се со правото на посредник во спорови од овој тип. Покрај ова располага и со сертификат за управување со Информациониот систем за управување со човечки ресурси со што е назначена за одговорно лице за управување со овој систем. Во 2013 год. е назначена за Раководител на правната служба на Факултетот. Воедно се стекна со Уверение за положен правосуден испит.