Кадар

д-р Тони Малиновски

  • Стручњак од практиката

Резиме:

Роден е во 1971 година во Скопје. Во периодот од 1989-1994 год. го завршил Електротехничкиот факултет - Скопје, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, на насоката Компјутерска техника, Информатика и Автоматика (КТИА). По дипломирањето, во 1995 година се запишал на постдипломските студии на истиот факултет, при што истите ги завршил во 1998 год и се здобил со називот Магистер по електротехника. Докторирал во 2015 год. на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје, на тема од областа на образование на далечина.


Во текот на својот професионален развој се стекнал со бројни меѓународни сертификати од областа компјутерската техника и информатика од познати светски компании, како што се Cisco и Microsoft, од кои поважни се: Cisco Certified Internetwork Expert, Cisco Certified Networking Professional Security, Cisco Certified Networking Professional Voice, Microsoft Certified Systems Engineer, Microsoft Certified IT Professional: Enterprise Administrator, IPv6 Forum Certified Network Engineer (Gold) и тн.

Во периодот од 1994 до 1999 год. работи во А1 Телевизија во Скопје, како систем инженер, a во 1999 год. се вработува во Народна банка на Република Македонија, каде напредува до самостоен советник во Дирекцијата за информациска технологија. Неговите работни задачи опфаќаат развој и инсталација на комплексни информатички и комуникациски системи, управување со инфраструктурни проекти, како и спроведување на стратегијата на Дирекцијата и стандардите за квалитет во работа. Дополнително, од 2004 год. работи хонорарно како сертифициран предавач за Cisco курсеви во повеќе области, а воедно е и Microsoft сертифициран тренер. Автор и коавтор е на повеќе трудови објавени во меѓународни журнали од областа на информатиката и информатичките технологии и учествувал на повеќе национални и меѓународни конференции.


Кадар

д-р Тони Малиновски

  • Стручњак од практиката