Роден е 1982 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје во 2005 година. Магистрирал на истиот факлутет во 2009 година. Истата година запишува докторски студии на Tехничкиот универзитет на Мадрид (UPM). По одбраната на докротрската дисертација со оценка Cum Laude, во декември 2013, се стекнува со титулата интернационален доктор по телекомуникации.
Својата академска кариера ја започнува во 2006 на Институтот за компјутерска техника и информатика при Електротехничкиот факултет во Скопје. Во текот на својот работен ангажман дал значаен придонес во осмислување, креирање и организација на аудиториски и лабораториски вежби по наставните предмети во чие изведување учествува. Учествувал во поголем број научно истражувачки и апликативни проекти. Област на негов научен интерес се компјутерските мрежи и дистрибуција на мултимедијални содржини. Постигнатите резултати ги објавува како научни трудови на бројни меѓународни и домашни конференции.