Роден е 1985 година во Штип. Дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје во 2008 година, на насоката информатика и компјутерско инженерство. Магистрирал на истиот факултет во 2010 година, со магистерска теза од областа на семантички веб технологии. Дисертацијата на тема: Систем за авторизација кај SPARQL протоколот со користење на дистривуирани кориснички атрибути ја одбранил на 23 април 2018 година. Во текот на факултетското образование редовно бил наградуван за успешните студии.
Првото работно искуство му било во дооел “Генреп” од 2008 година. На Институтот за компјутерска техника и информатика при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје почнал да работи од 2009 година како демонстратор. Неговите наставни обврски опфаќаат изведување вежби по предмети од областа на системски софтвер, веб програмирање и системски софтвер. Во рамките на досегашната научно-истражувачка работа има објавено десетици научно-истражувачки трудови. Коавтор е на една книга. Полињата на научно-истражувачки интерес вклучуваат шеми за дизајн, семантички веб, паралелно процесирање, дистрибуирани системи, компјутерски мрежи, обработка на неструктурирани податоци и дистрибуирани системи.