Кадар

д-р Љупчо Антовски

  • Вонреден професор
  • /
  • ljupcho.antovski@finki.ukim.mk
  • /

Резиме:

Роден e 1977 година во Скопје. Основно и средно училиште завршил во Скопје. Учествувал на сојузни и на републички натпревари по физика и информатика. Во 1996 година се запишал на Електротехничкиот факултет во Скопје, каде што бил наградуван за одличен успех во сите учебни години. Дипломирал во 2001 година како првенец на насоката компјутерска техника, информатика и автоматика, со среден успех 9.83, на тема “Софтверски пакет за интелигентно фази-логичко управување на термички процеси”. Постдипломски студии запишал во 2001 година на ИИ при ПМФ. Магистрирал со просек 10,00 во 2003 со одбрана на трудот под наслов “Мобилни плаќања“. Во 2005 година е награден со World Summit Award во категорија e-science. Докторирал во Јануари 2008 со докторска дисертација на тема “Нов модел на мобилни и безжични електронски јавни сервиси”. Стручното усовршување го започнал во текот на додипломските студии со престои во фирмите: Сисдата во Будимпешта, МТНет и Форум - ЦСРД во Скопје. Во 2001 година работел во компанијата Пексим на проекти за електронско банкарство. Во 2001 година бил ангажиран на ИИ како демонстратор, а во 2002 година бил избран за помлад асистент. Во 2004 година е избран за асистент во Заводот за програмско инженерство при ИИ. Држи вежби по предметите: Информациски системи, Архитектура на компјутерите, Компјутерски апликации, Интернет-технологии, Интернет, Мултимедија,Програмски јазици, Вовед во информатиката, Информатика - за студенти по социјална политика и работа. Во 2008 година е избран за доцент на ПМФ. Во 2012 е избран за вонреден професор на ФИНКИ. Тој е одговорен наставник за додипломските предмети: Анализа на софтверски потреби, Конструкција на софтвер, Е-бизнис архитектури и дизајн. Безжични и мобилни технологии, Управување со софтверски проекти, Менаџмент во ИКТ, Семантички овозможени архитектури, Архитектура на компјутери. Ги држи последипломските предмети: Инженерство на барањата, Управување со софтверски проекти и Објектни архитектури за масивни системи. Подрачје на научно истражување му се: системи за електронско гласање, семантички овозможени архитектури, мобилните и сеприсутни апликации, е-бизнис и е-владини сервисии. Вкупно има објавено над рецензирани научни трудови во научни списанија и меѓународни научни конференции. Бил редовен колумнист со стручни статии во магазинот Лајф. Автор е на едно универзитетско учебно помагало. Учествувал во повеќе меѓународни истражувачки и образовни проекти за структурни реформи, како: UNDP Capacity building of the Voters List Unit, Technical Assistance for the Support to the Decentralization Process, SWEB Secure, interoperable, cross border m-services contributing towards a trustful European cooperation with the non-EU member Western Balkan countries, WE-GO Enhancing Western Balkan e-Government Expertise, Development and Implementation of a Resource Management Information System for the Albanian State Police, Workflow and Document Management Infrastructure towards Integrated University, Technical Assistance for Vocational Education Training, Technical Assistance to Institutional Building in Support of Employment Policyфаза 1 и 2, Management and Business Education in Computer Studies, Implementation of Modules and ECTS, Labor Market Analysis in the Border Region, Information and Communication Technologies for the Development of Education and the Construction of a Knowledge Society, Innovation of Computer Science Curriculum in Higher Education, Mobile and Wireless Security Protocols and Standards. Автор е на информацискиот систем на Државната изборна комисија на Македонија, Централната изборна комисија на Косово и Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина. Автор е на предлог архитектурата на Управата за водење матични книги. Работи како ИКТ вештак. Претседател е на техничкиот комитет за ИКТ при Институтот за стандардизација на Република Македонија. Член е на следниве научни и стручни организации: IST-ACT, Mobile Consortium International, World Federation of Scientists, World Scientific and Engineering Academy and Society, Institute of Electrical and Electronics Engineering, Association ofComputer Machinery, Друштвото за електроника, телекоминукации, автоматика и информатика, Инженерската асоцијација на Македонија, IAESTE.

Кадар

д-р Љупчо Антовски

  • Вонреден професор
  • /
  • ljupcho.antovski@finki.ukim.mk
  • /

Предмети:

Наскоро...