Роден е 1977 година во Тетово, каде завршил основно и средно образование. Дипломирал на Електротехнички факултет во Скопје на насоката Компјутерска техника, информатика и автоматика во 2001 година, со одбрана на дипломската работа под наслов “Надградена реалност”. Од 2002 до 2003 година работел во Acocon GmbH, Bielefeld, Германија, како программер и систем инженер. Од 2003 до 2006 работел во Еин-Соф, Скопје, како систем инженер и раководител на секторот за систем интеграција. Се вработил на ИИ во април 2006 година.