Кадар

м-р Игор Кулев

  • Наставни алумни
  • igor.kulev@finki.ukim.mk

Резиме:

Роден е во 1988 во Кавадарци. Во 2011 година дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Магистрирал на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство во 2013 година, со магистерска теза од областа на колаборативните компјутерски системи. Во текот на студирањето бил редовно наградуван за успешните студии и има успешно учествувано на многу национални и интернационални натпревари во алгоритамско програмирање. Добитник е на наградата "Златник" од Универзитетот "Свети Кирил и Методиј" и "Златен прстен" од организацијата на инженерите на Македонија. Од 2011 ангажиран е како демонстратор на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство. Наставните обврски му опфаќаат изведување аудиториски и лабораториски вежби по предметите: Алгоритми и податочни структури, Напредни алгоритми, Интелигентни кориснички интерфејси, Интелигентни информациони системи, Мултимедиски системи, Архитектура и организација на компјутери. Автор и коавтор е на повеќе научни и стручни трудови објавени на домашни и меѓународни конференции и списанија. Области од научно-истражувачки интерес му се: системи за препораки, вештачка интелигенција, машинска интелигенција и учење, интелигентни агенти, обработка на природни јазици.

Кадар

м-р Игор Кулев

  • Наставни алумни
  • igor.kulev@finki.ukim.mk