Роден е 1986 година во Скопје, каде има завршено основно и средно образование. Во учебната 2004-2005 година се запишува на Правниот факултет „Јустинијан Први“, во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, отсек Правни студии. Во 2008 година дипломира и се стекнува со звање дипломиран правник – Bachelor of Law (L.L.B.). Истата година запишува магистерски последипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“, во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, насока Финансии и финансово право. Во 2010 година се стекнува со титулата специјалист по право – насока финансии и финансово право - предмагистерска титула. Магистрирал на истиот факултет во мај 2011 година, со одбрана на својот магистерски труд под наслов „Лошото корпоративно управување проследено низ скандалите кои го потресоа светскиот финансиски сектор во 2008 година“, под менторство на проф. д-р Тито Беличанец и се стекнува со титулата магистер по право – Master of Law (L.L.M). Магистерскиот труд му е од областа на финансовото право. Своето прво работно искуство го стекнал во Фирмата за консултантски услуги Милд консалтинг, каде ги обавувал правно-административните работи во период од 01.06.2007 до 31.05.2008 година. На 01.06.2008 година е ангажиран од Фирмата Еуролигнит - Друштво за производство и трговија на јаглен и глина каде останува до 31.01.2009 година. Во периодот од 01.02.2009 до 30.06.2011 година работи на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, на работно место референт во административно-правна служба. Одреден период во 2011 година има работено во Дирекција за правни работи во Уни Банка, на работно место референт во правна служба како и стажирано во Адвокатската канцеларија „Илиевски“. Од Ноември 2011 година работи на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје на позиција референт за правни работи, а од 01.12.2012 е избран за Секретар на Факултетот. Во текот на својата работа посетува повеќе обуки за доквалификација и стекнува сертификат за заштита на лични податоци од областа на образованието, сертификат за работа на јавни набавки.