во Велес. Дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје во 2007 година, на насоката компјутерска техника, информатика и автоматика со просек 10.00, како најдобар во својата генерација. Добитник е на наградата „Златник“ од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и „Златен прстен“ од организацијата на инженерите на Македонија. Во 2009-та година ја одбранил магистерската тема и се стекнал со научното звање магистер на електротехнички науки област компјутерска техника и информатика. Докторската дисертација ја одбранил во 2012-та година под менторство на проф. Дејан Ѓорѓевиќ и коменторство на проф. Сашо Џероски на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Своето прво работно искуство го стекнал во Друштвото за компјутерски услуги „Netcetera“ - Скопје, во одделот за софтвер и веб развој. Во рамките на досегашната научно-истражувачка работа, учествувал во изработката на повеќе научни и стручни трудови објавени на домашни и меѓународни конференции и списанија. Полињата на неговиот научно-истражувачки интерес вклучуваат: препознавање на облици, машинско учење и софтверско инженерство.
Повеќе информации можете да најдете на следниов линк.