Роден е 1976 година во Скопје. Во 2003-та година дипломира на Електротехничкиот факултет во Скопје. Магистерските студии ги продолжува на Бостон Универзитетот во Бостон, Масачусетс. Магистерската работа „Имплементирање на Лексикографската конструкција“ ја одбранил во 2006-та година. Во 2008-ма година е вработен како помлад асистент на Институтот за Информатика при Природно-математичкиот факултет. Во 2010 ја одбранил докторската дисертација „Прилог кон некои особини на добрите кодови“ на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Има остварено два студиски престои: во 2001-ва година на Институтот за Нелинеарни науки, при Универзитетот во Калифоринја во Сан Диего и во 2010 година во Опатија, Р. Хрватска на NATO институтот за напредни студии. Научен интерес на д-р Дејан Спасов се теорија за кодирање и компјутерски мрежи. Во досегашната научно-истражувачка работа има учествувано на 6 конференции во земјата и странство, при што има објавено 8 научни труда и една статија во меѓународно научно списание. Има учествувано на три меѓународни проекти.