Кадар

д-р Билјана Тојтовска

  • Доцент
  • /
  • biljana.tojtovska@finki.ukim.mk
  • /

Резиме:

Родена е 1980 година во Скопје. Основно и средно училиште завршила во Скопје. Била член на Македонскиот тим на Меѓународните математички олимпијади за средношколци. Учествувала на повеќе Балканијади и Светски олимпијади на кои освоила пофалници и два бронзени медали. Во 1999 се запишала на студиите по теориска математика на Природно математичкиот факултет во Скопје. Дипломирала во 2004 со просек 9.88. Како стипендист на DAAD продолжила на Магистерски студии по Стохастика и финансиска математика на Техничкиот Универзитет Кајзерслаутерн во Германија. Во 2007 година под менторство на проф. Ralf Korn ја комплетирала магистерската теза под наслов “Martingale decompositions with application in Finance” за која добила оценка 10. Студиите ги завршила со просек 10 и за резултатите постигнати за време на магистерските студии добила признание за најдобар студент на институтот по Математика. За време на својот престој во Германија работела и на проектот “ Asset liability managment” во рамките на институтот ITWM Fraunhofer. Учествувала на различни семинари меѓу кои и работилницата организирана од Credit Suisse, во Frankfurt на тема “Equity derivatives. По враќањето во Македонија работела во Министерството за финансии во одделот за истражување при Секторот за јавен долг на Р. Македонија. Својот ангажман на Институтот за Информатика го започнува во 2009 година, кога и е избрана за помлад асистент. Изведува настава по повеќе предмети: Линеарна алгебра, Дискретни структури, Калкулус, Веројатност и статистика, Теорија на информации, Опрациони истражувања, Нумеричко сметање. Дел од нејзините научни интереси се веројатност и статистика, стохастички диференцијални равенки и стохастичко моделирање со акцент на нивната примена во други области ( биологија, медицина, финансии, информатика ). Во рамките на своето докторско истражување работи под менторство на проф. Светлана Јанковиќ на тема "Стаболност на модели на стохастички невронски мрежи". Има објавено неколку трудови и учествувано со свои презентации на повеќе меѓународни семинари, конференции и работилници. Дел е од организацијата на натпреварите по математика во Република Македонија.

Кадар

д-р Билјана Тојтовска

  • Доцент
  • /
  • biljana.tojtovska@finki.ukim.mk
  • /

Предмети:

Наскоро...