Кадар

м-р Александра Каневче

  • Помлад асистент
  • /
  • aleksandra.kanevche@finki.ukim.mk
  • /

Резиме:

Александра Дединец е родена во Белград, Р. Србија на 22.01.1987. Основно и средно образование завршила во Охрид со континуиран одличен успех. Во 2005 година се запишува на редовни студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, на насоката Информатика и компјутерско инженерство. Дипломирала на истиот факултет на 18.06.2009 со просечна оценка 10, со наслов на дипломскиот труд: Оптимизација на сложени мрежни системи под менторство на акад. Љупчо Коцарев.

Од oктомври 2009 година е ангажирана од Факултетот за  електротехника и информациски технологии во Скопје како демонстратор по предметите од подрачјето на Информатиката и компјутерското инженерство.

На магистерски студии од областа на Компјутерски мрежи и е-технологии се запишала во ноември 2009 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Испитите ги положила со просечна оценка 10. На 13.06.2011 магистрирала на истиот факултет на тема: Моделирање и анализа на сложени мрежни системи, под менторство на акад. Љупчо Коцарев.

Со отворањето на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, од октомври 2011 ангажирана е од страна на факултетот како демонстратор по предметите од подрачјето на Информатиката и компјутерското инженерство, а во 2012 година е вработена на факултетот како помлад асистент.

На докторски студии од областа Компјутерски науки и инженерство се запишала во Февруари 2012 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје. На 9.11.2017 докторирала на истиот факултет на тема: Моделирање на паметни енергетски мрежи, под менторство на акад. Љупчо Коцарев. За доцент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство е избрана во февруари 2018 година.

Во рамките на досегашната научно-истражувачка работа, автор/коавтор на 5 научни трудови со фактор на влијание и на над 15 публикации објавени во меѓународни зборници и научни списанија.


Кадар

м-р Александра Каневче

  • Помлад асистент
  • /
  • aleksandra.kanevche@finki.ukim.mk
  • /

Предмети:

Наскоро...
Име на трудотМестоДржава
Optimization of the electric power system of MacedoniaICT-InnovationsMacedonia
Modelling long-term dynamical evolution of Southeast European power transmission system (submitted)ISAP2011Greece
Име на проектотФинансирано од
Diagnosing vulnerability, emergent phenomena and volatility in man-made networksFP6 STREP EU
Назив на конференцијатаИме на конференцијатаГрадДржава
Optimization of the electric power system of MacedoniaNatural and man-made vulnerabilities of EU Grid, Macedonian Academy of Sciences and Arts (MASA)SkopjeMacedonia
Линк до асоцијацијата (здружението)Име на асоцијацијата (здружението)
http://ieee.orgIEEE