Родена е 1987 година во Прилеп. Дипломирала на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје во 2009 година. Магистрирала на истиот факултет во 2010 година, со магистерска теза од областа на биоинформатиката. Во текот на студирањето членува во организации за размена на студенти со што обавува неколку пракси во и надвор од нашата земја и притоа континуирано е наградувана за успешно студирање. Во 2009 година, во последната година од студиите е ангажирана како демонстратор на Институтот за компјутерска техника и информатика при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Одговорна е за подготовка и одржување на лабораториските вежби по предметите од областа на алгоритми и структури на податоци, бази на податоци и компјутерски архитектури. Дипломскиот и магистерскиот труд ги изработува во областа на биоинформатика. Дипломскиот труд е во соработка со Факултетот за фармација, а магистерскиот труд е изработен во соработка со Институтот за геномика и биоинформатика при Техничкиот факултет во Грац, Австрија. После завршувањето на магистерските студии во 2011, повторно е ангажирана како демонстратор на Институтот за компјутерска техника и информатика, по предмети од областа на надежност на системи. Со научно-истражувачка дејност активна е во следните полиња: анализа на генетски податоци, анотирани графови и биолошки мрежи, машинска интелигенција и учење.