Потребни документи
Во согласност со
Конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2013/14 година, кандидатите треба да ги поднесат следните документи:
Документи за пријавување
- пријавен лист со назначување на избраната студиска програма за која конкурира;
- писмо за мотивација со назначување на областа на истражување и предлог на ментор од листата на ментори;
- кратка биографија;
- докази со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување;
Кандидатите кои II циклус на студии го завршиле во странство доставуваат нострифицирани докази со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување.
Документацијата се доставува во фотокопија, а оригиналите се доставуваат на увид.
Документите се доставуваат до Школата за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на адреса: бул. Крсте Мисирков бб, 1000 Скопје.
Документи за запишување
- индекс и пријавни листови;
- три фотографии (две фотографии со димензии 3.5x4.5 и една со димензии 2х3);
- потврда за уплатена школарина за првиот семестар на докторски студии (школарината се плаќа на
6 еднакви рати на почетоткот на секој семестар, во денарска противвредност).
При уплаќањето на првата рата, кандидатите:
- 250 евра во денарска противвредност уплаќаат на Школата за докторски студии на Универзитетот
„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на следнава сметка: 160 010 3689 788 18;
- остатокот од износот го уплаќаат на сметка на факултетот/институтот – организатор на студиската
програма.