Staff

Smile Markovski Ph.D.

  • Professor in retirement
  • /
  • smile.markovski@finki.ukim.mk
  • /

Summary:

Роден е 1949 година во Битола. Основно и средно образование стекнал во Скопје. Природно-математички факултет, Група за применета математика, завршил во Скопје во 1972 година На истиот Факултет магистрирал во 1978 година со магистерската работа “Проширувања на модели”, а докторирал во 1980 година со одбрана на тезата “Подалгебри на групоиди”, под менторство на проф. д-р Славиша Прешиќ од ПМФ во Белград. Во академската 1980/81 година престојувал на специјализација на Универзитетот Вандербилт во Нешвил, САД. Оваа година има тримесечен студиски престој на NTNU, Trondheim, Норвешка во рамките на програмата Erazmus Mundus: NordSecMob-Master’s Programme in Security and Mobile Computing. По дипломирањето бил избран за асистент на Институтот за математика при ПМФ. Во 1981 година на Математичкиот факултет во Скопје бил избран за доцент, во 1986 година на Институт за информатика (ИИ) на обновениот ПМФ бил избран за вонреден професор, а за редовен професор во 1992 година Како наставник држел/и курсеви од повеќе математички и информатички дисциплини: множества и логика, алгебра I, II и III, алгебарски и дискретни структури, топологија, дискретни структури, конечна математика, алгоритми и автомати, учење со компјутери, теорија на информациите, математика за студентите по шумарство. Има држано настава на постдипломските студии на Економскиот институт во Скопје и на ЕТФ, а е одговорен за повеќе курсеви на постдипломските студии при ИИ: теорија на графовите, алгебра и логика, алгоритми и комплексност, процесни алгебри, l-сметање, теорија на пресметливоста и др. Научниот интерес му е ориентиран кон алгебрата (универзална алгебра, посебно n-арните и векторско-вредносните структури, теорија на моделите и применета алгебра) и кон дискретната математика. Има објавено, како автор и коавтор бројни научни трудови од овие области во домашни и во странски научни списанија и зборници на трудови. Учествувал со реферати на повеќе научни конференции од областа на алгебрата и компјутерските науки одржани во земјата и во странство. Бил соработник и раководител на повеќе научноистражувачки проекта. Ментор е на магистранди и на докторанди на ИИ при ПМФ, организатор на два научни собира одржани во Скопје и во Охрид. Дваесетина години е референт на Mathematical Reviews, списание на Американското математичко друштво, во кое и членува. Во СДМИМ бил благајник, претседател, член на комисии од повеќе рангови и организатор на натпревари по математика и информатика. Предавал на десетина школи за млади математичари. Има публикувано дваесетина стручни и научно-популарни трудови. Член е на Комисијата за информатика при Педагошкиот завод на Македонија. Под негово менторство се изработени дваесетина пакети образовен софтвер, а бил учесник и на семинарот Образовен софтвер во Лондон. Автор е на универзитетскиот учебник Конечна математика и коавтор на два средношколски учебника. Бил уредник на списанијата Сигма и Бит+. Ги извршувал функциите претседател на СС на ПМФ, раководител на Заводот за теориски основи на информатиката и шеф на Институтот за информатика. Прогласен е за најдобро дипломиран студент на ПМФ за 1972 година и носител е на плакета на Универзитетот “Кирил и Методиј”, а одликуван е со Орден за трудот со сребрени зраци.

Staff

Smile Markovski Ph.D.

  • Professor in retirement
  • /
  • smile.markovski@finki.ukim.mk
  • /

Subjects:

Наскоро...
Book titlePublisher
Конечна математикаУКИМ
Proceedings of the 3rd Conference on Informatics and Information TechnologyИнститут за Информатика, ПМФ, Скопје
e-Bussines and Mobile Internet TechnologiesИнститут за Информатика, ПМФ, Скопје
Proceedings of the 2nd Conference on Informatics and Information TechnologyИнститут за Информатика, ПМФ, Скопје
Conference TitleConference nameCityCountry
International Conference on Discrete Mathematics and ApplicationsInternational Conference on Discrete Mathematics and ApplicationsБанскоБугарија
CONGRESS OF MATHEMATICIANS OF MACEDONIACONGRESS OF MATHEMATICIANS OF MACEDONIAСтругаМакедонија
Conference on Informatics and Information TechnologyCIITБитолаМакедонија
Workshop on Lab Practicing in Computer Science EducationWorkshop on Lab Practicing in Computer Science EducationNisYugoslavia
Presentation forOn ConferenceType of
An Iterative algorithm for n-th Derivative of a Composite FunctionInternational Conference on Discrete Mathematics and Applicationsистражувачка
An exact formula for computing the partition numbers p(n)CONGRESS OF MATHEMATICIANS OF MACEDONIAистражувачка
Construction of n-ary quasigroupsCONGRESS OF MATHEMATICIANS OF MACEDONIAистражувачка
Програмска поддршка за испитување на својствата на хаш функциитеConference on Informatics and Information Technologyистражувачка
The Mathematical Software Packages-New Teaching Information Technologies of Mathematics for Computer Sciences Workshop on Lab Practicing in Computer Science Educationистражувачка
A generalization of Quasigroup Error-Detecting Codes using Bit CombinationsCONGRESS OF MATHEMATICIANS OF MACEDONIAистражувачка