Родена е 1978 година во Куманово. Основно и средно образование завршила во Скопје со одличен успех. На Природно-математичкиот факултет во Скопје на Институтот по информатика, применета насока, се запишала во академската 1996/97 година Дипломирала во 2001 година, со среден успех 9.94, како најдобар дипломиран студент на Институтот по информатика, стекнувајќи се со звање дипломиран инженер по информатика. На постдипломски студии се запишала во академската 2002/2003 година, а ги завршила на 23.01.2009 со одбрана на магистеркиот труд “Кодови за откривање грешки и примена на квазигрупи за нивно дизајнирање”. Во зимскиот семестар во академската 2001/2002 година била демонстратор на ИИ, во 2002 година била избрана за помлад асистент, а во 2009 за асистент на ИИ. Има држено вежби по дваесетина предмети од различни области на студентите на Институтот за информатика и Институтот за математика при ПМФ, Скопје. Во последно време држи вежби по Основи на програмирање, бази на податоци, веројатност, теорија на информации, дискретни структури 1, дискретни структури 2, дискретни структури 3, математички методи за информатичари. Има напишано неколку скрипти достапни за студентите во електронска форма преку соодветни web страни. Учествувала на дваесетина конгреси, конференции, работилници, школи и курсеви во земјата и странство. На некои од нив презентирала свои трудови, од кои дел се објавени во соодветни зборници и списанија. Била учесник во еден научноистражувачки проект и во еден проект за унапредување на образованието. Член е на Здружението на информатичарите на Македонија.