Staff

Milosh Stolikj M.Sc.

  • Assistant
  • /
  • milosh.stolikj@finki.ukim.mk
  • /

Summary:

Роден е 1984 година во Скопје. Основно училиште завршил во „Ѓорѓија Пулевски“, а средно училиште во „Раде Јовчевски – Корчагин“ во Скопје. Дипломирал на Природно-математички факултет на Институт за Информатика во Скопје на 27.01.2007, со дипломска работа на тема „Виртуелни приватни мрежи и нивна имплементација во хетерогена средина“ под менторство на проф. Д-р Марјан Гушев. Магистрирал на Природно-математички факултет на Институт за Информатика во Скопје на 14.10.2010, со магистерска работа на тема „Статистчко машинско преведување на македонскиот јазик“ под менторство на проф. Д-р Катерина Здравкова.
Во текот на средношколското образование учествувал во голем број на натпревари по информатика, притоа освојувајќи повеќе награди, меѓу кои и прво место на регионалниот натпревар по информатика 2002 година, трето место на националниот натпревар по информатика 2001 година и Бронзен медал на 6-тата Македонска олимпијада по информатика 2002 година.
За време на студиите добил признанија и пофалби за натпросечно остварување на студиските години, а во последните години работел и како демонстратор на Институтот за Информатика и програмер во компанијата CableTel во Скопје. Во 2006 година работи како надворешен стручен соработник на Њујорк Универзитетот во Скопје по предметите администрација на системи, вовед во програмирање и компјутерски мрежи. Во меѓувреме, се стекнува со сите четири инструкторски сертификати од Cisco Certified Network Associate програмата, и работи како Cisco инструктор на Институтот за Информатика. Од 2006-та година волонтира во македонското јазично издание на енциклопедијата Википедија, а од 2009-та година учествува во меѓународнитe проектi SEEGRID-SCI, EGI и HP-SEE. Од 2009-та година работи на Институтот за Информатика при Природно-математички факултет како стручен соработник. Вклучувајќи го претходниот демонстраторски ангажман, изведувал вежби по предметите системски софтвер, безжични мрежи, интелигентни системи, паралелно и дистрибуирано процесирање, оперативни системи, микропроцесори и микрокомпјутери и проектирање на компјутерски мрежи.

Staff

Milosh Stolikj M.Sc.

  • Assistant
  • /
  • milosh.stolikj@finki.ukim.mk
  • /

Subjects:

Наскоро...
TitlePlaceCountry
Parallel Machine Translation for gLite Based Grid Infrastructures2nd International Conference ICT Innovations 2010, Springer, pp 133-141.Macedonia
Resources for Machine Translation of the Macedonian, LanguageICT Innovations 2009 onlineMacedonia
Baseline for Macedonian statistical machine translation system7th International Conference for Informatics and Information Technology CIIT 2010Macedonia
Project nameSponsored by
SEE-GRID eInfrastructure for regional eScienceFP7
High-Performance Computing Infrastructure for South East Europe’s Research CommunitiesFP7
Integrated Sustainable Pan-European Infrastructure for Researchers in EuropeFP7
Conference TitleConference nameCityCountry
8th International Conference for Informatics and Information TechnologyCIIT 2011BitolaMacedonia
7th International Conference for Informatics and Information TechnologyCIIT 2010BitolaMacedonia
ICT ACT 2010ICT Innovations 2010OhridMacedonia
ICT Innovations Conference 2009 ICTI 2009 OhridMacedonia