Роден e 1959 година во Кратово. Основно образование завршил во Кратово, а средно училиште во Скопје. На Математичкиот факултет при Универзитетскиот центар за математичко-технички науки во Скопје се вработил во 1979 година како дактилограф, а во 1985 година е вработен како технички секретар на ИИ при ПМФ. Учествувал во техничката подготовка на повеќе магистерски работи, докторски дисертации, апстракти, учебници и учебни помагала за високо и за средно образование, скрипти. Присуствувал на конгреси, симпозиуми, организирани од Институтот за информатика и Институтот за математика при ПМФ и работел на техничкото оформување на зборниците на трудови. Член е на ЗИМ.