Staff

Goce Armenski Ph.D.

  • Assistant professor
  • /
  • goce.armenski@finki.ukim.mk
  • /

Summary:

Роден е 1976 година во Скопје. Основно и средно образование оформил во Скопје и бил добитник на повеќе награди и признанија на републички и на сојузни натпревари по математика и физика. Во 1995 година се запишал на Електротехничкиот факултет во Скопје, отсек компјутерска техника, информатика и автоматика. Во текот на студиите 5 пати бил наградуван за одличен успех во студирањето. Дипломирал во 2000 година,со одбрана на дипломската работа под наслов “Публикување преку WEB“ со среден успех 9,36. Постдипломски студии по информатика запишал на ПМФ во Скопје. Магистерскиот труд со наслов “Електронско тестирање”, изработен под менторство на проф. д-р Марјан Гушев, го одбранил во 2003 година По дипломирањето бил избран за помлад асистент на ИИ, а по магистрирањето, во 2004 година, за асистент. Докторира во 2010 година со докторската дисертација со наслов „Сервис-ориентирана архитектура во е-тестирање“ и во истата година е избран за доцент. Изведувал/изведува вежби по предметите: вовед во информатиката I и II, интернет, интернет-технологии, архитектура на компјутерите, компјутерски мрежи, проектирање на компјутерски мрежи, мултимедија, компјутерски апликации, дизајнирање на образовен софтвер, компјутерски системи во наставата - за студентите по информатика и вовед во информатиката - за студентите по географија и математика-физика. Главно подрачје на научен интерес му се електтронската проверка на знаењето, електронското учење, веб-апликациите, сервис-ориентираната архитектура. Објавил 2 научни трудa во меѓународни списаниja од областа на електронското учење и електронска влада и 22 научни труда во зборници од домашни и од меѓународни конференции. Учесник и раковдител е на неколку проекти од областа на електронскиот бизнис и електронското образование. Во 2003 година добил меѓународна стипендија од Светската организација на научници со седиште во Швајцарија за реализација на проектот “Компјутерски помогнато учење, модели, концепти и апликации за далечинско учење”. Во 2005 година бил член на работната група за изработка на Националната стратегија и акциониот план за развој на информатичко општество. Членува во IEEE, Светската федерација на научници и во ETAI (Друштво за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика на Македонија).

Staff

Goce Armenski Ph.D.

  • Assistant professor
  • /
  • goce.armenski@finki.ukim.mk
  • /

Subjects:

Наскоро...
Association LinkAssociation Name
 MASIT Experts
http://ieee.orgIEEE
http://www.masit.org.mk/ICT Experts Council of Macedonian ICT Chamber of Commerce (MASIT)